РАБОТАТА НА „НАПРЕДОК“ ОД ТЕТОВО ЗАВИСНА ОД РЕДОВНА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТАТА

РАБОТАТА НА „НАПРЕДОК“ ОД ТЕТОВО ЗАВИСНА ОД РЕДОВНА НАСТАВА ВО УЧИЛИШТАТА

Печатницата „Напредок“ од Тетово е погодена од состојбата предизвикана од Ковид-19 и мерките кои се преземаа со цел спречување на ширењето на истиот.

Имено, на работната средба реализирана во просториите на оваа компанија со Анета Димовска и Нена Николовска од Стопанската комора на Македонија, управителот на „Напредок“, господинот Мирослав Грнчароски, посочи дека успешниот старт на 2020 година со раст на остварувањето во периодот јануари – февруари, во споредба со претходната година од 15%, е неутрализиран со почетокот на пандемијата на Ковид-19 и затворањето на училиштата. Падот на потрошувачката на списанијата наменети за децата од училишна возраст, севкупната училишна програма и другите детски изданија, но и намалената побарувачка за печатени обрасци и друг материјал од фирмите чии нарачки од март се во целост стопирани или откажани, доведува до пад на производството за над 50%.

Печатницата „Напредок“ очекува закрепнување и зголемување на обемот на производството на печатен материјал, по започнување на учебната година.
Од претставниците на Комората беше презентирана можноста за вмрежување на компанијата во базата за бизнис соработка на Enterprise Europe Network и овозможување поддршка преку Стопанската комора на Македонија во наоѓање соодветни бизнис-партнери во Европа и пошироко.

 

м-р Анета Димовска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија