21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

04.05.2018 - 04.05.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)


Еднодневен семинар:

МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
(TIME MANAGEMENT)

4.5.2018 година (петок)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Времето е основниот ресурс кој сите го имаме на располагање во идентична количина - 24 часа на ден. Начинот на којшто ќе го искористиме е клучно за успехот на организацијата. Оние кои што ќе успеат за иста количина на време да продуцираат резултати со поголем квантитет и квалитет ќе бидат поконкурентни и поуспешни.
          Вештините за менаџирање на времето се многу важни за секој вработен, без оглед на работната позиција, истите ги надополнуваат лидерските и комуникациските вештини и стануваат дел од личниот менаџмент на вработените, а потоа и дел од културата и практиките на организацијата. Секоја организација мора да има „економичен“ пристап кон времето и да ужива во својата ефикасност продуцирајќи резултати со кои ќе ги прави среќни своите клиенти и вработени и ќе го прави светот поубаво место за живеење.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 4 мај 2018 година, организира еднодневен семинар на тема: „МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)“

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?
Семинарот е наменет за:
• сите организации кои имаат тешкотии во менаџирањето на времето;
• сите организации кои сакаат да го усовршат менаџирањето на времето во текот на своето работење;
• раководители на стратегиско, оперативно и основно ниво кои имаат тешкотии во менаџирање на времето;
• раководители од сите нивоа кои сакаат да ги усовршат своите вештини за менаџирање на времето;
• вработени кои се на позиции на кои следат исполнување на рокови.

ПРОГРАМА
• Што е време?
• Кои се карактеристики на времето како димензија?
• Улогата на целите во менаџирањето на времето;
• Правила за поставување на СМАРТ цели;
• Тестирање на способноста за менаџирање на времето;
• Дефинирање на животните улоги и нивната важност;
• Алатка за ПРИОРЕТИЗИРАЊЕ;
• Креирање на „To Dо“ листа;
• Тестирање за откривање на КРАДЦИТЕ на ВРЕМЕ;
• Насоки за отстранување на КРАДЦИТЕ на ВРЕМЕ;
• Златни правила за МЕНАЏМЕНТ НА ВРЕМЕ;
• Психолошко време (минато, сегашност и иднина) и поврзаноста со стресот;
• Процес на планирање на времето во 9 чекори.

Предавач:
-Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски, каде што предава:  Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
Тој е основач и претседател на Институтот „СИМБИОТИКА“. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации – „Jönköping“ од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки. Во 2010 година од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED доби награда за најдобра обука во конкуренција на обуки од реномирани обучувачи и експерти од земјава и од странство.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал; 
- ручек и освежување; 
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 30 април 2018 година. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права