23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

29.01.2019 - 29.01.2019


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“


Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29  јануари 2019 година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Широк спектар на структури, вештини, знаење и аналитички капацитети се потребни за да се координираат и имплементираат сите елементи кои ги сочинуваат националните системи на безбедност и здравје при работа, така што заштитата достигнува до работниците и животната средина. Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата на Република Македонија, работодавачите и работниците.

Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како што е и правилното управување со опасни материи и отпад, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија на 29 јануари 2019 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“.
На семинарот писутните ќе се стекнат со неопходни познавања за опасниот отпад и одредени компетенции за управување со истиот.

                                                     
ПРОГРАМА


  I. Закон за управување со отпад:
- Општи одредби;
- Примена на Законот;
- Делокруг и основни дефиниции.

II. Начела за одржливо управување со отпад


III. „Правилникот за опасни супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасни супстанции и критериуми или својства според кои супстанцијата се класифицира како опасна – Закон за безбедност и здравје при работа“
 
IV. ЕУ-регулатива

  Својства на опасен отпад:
- Реактивност;
- Запаливост;
- Токсичност;
- Канцерогеност;
- Мутагеност;
- Еко-токсичност;
- Експлозивност;
- Инфективност.

V. Опасности и штетности од управување со опасни материи и опасен отпад

VI. Управување со ризикот при ракување со опасни материи и опасен отпад

VII. Содржина на програмата за управување со отпадот, којашто ја донесува надлежниот орган за вршење стручни работи во животната средина:

- Програми на правните и на физичките лица за управување со отпадот;
- Обврски на општините и градот Скопје за управувањето со комуналниот и со другиот неопасен отпад;
- Складирање на отпадот.

VIII. Постапување со инертниот отпад

IX. Постапување со опасен отпад, правила за постапување со опасниот отпад:

- Општи правила за постапување со опасниот отпад;
- Забрана за мешање на опасен отпад;
- Постапување со измешан отпад;
- Задолжително евидентирање и класифицирање на опасниот отпад;
- Идентификационен формулар за опасен отпад;
- Испитување на карактеристиките на отпадот;
- Услови за добивање овластување за испитување на карактеристиките на отпадот. 

X.  НАДЗОР И НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - Делокруг на државниот инспектор за животна средина  - мониторинг:

- Организација на мониторингот на управувањето со отпад;
- Обем и содржина на мониторингот и управување со податоците;
- Обезбедување мониторинг.

XI. Заклучоци

Предавач:

- М-р Кире Станојоски, дипл. инж. по Заштита на животната средина, Управител за отпад, Стручно лице за Безбедност и здравје при работа и  вработен во РИ-ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје.
 

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.


Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 20 јануари 2019 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Во прилог:  Пријавен лист и Агенда. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права