„АГРОГЛОБАЛ ТРЕЈД“ ЈА ПРОШИРИ СВОЈАТА ДЕЈНОСТ СО КУПУВАЊЕ НА ИМОТОТ НА „КОКИ ЛУКС“

   

👁 Прочитано: 7222


„АГРОГЛОБАЛ ТРЕЈД“ ЈА ПРОШИРИ СВОЈАТА ДЕЈНОСТ СО КУПУВАЊЕ НА ИМОТОТ НА „КОКИ ЛУКС“

Основна дејност на „Коки Лукс" ДООЕЛ - Свети Николе опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и брашно. Компанијата поседува сместувачки капацитети за житни култури (20.600 тони), како и сопствена малопродажна мрежа.

Во чекор со актуелните движења на пазарот, следејќи ги барањата и се`  попрефинетиот вкус на потрошувачите, компанијата е исклучиво ориентирана кон финализирање на максимално квалитетни производи. Тоа се постигнува со добра техничка опременост на производните капацитети, подготвени постојано да го следат развојот на современата технологија, дополнителна едукација на професионалниот кадар, како и севкупното раководење на менаџерскиот тим.

Компанијата има производствен капацитет од 60 тони на дневна основа со 25 вработени. Мелницата датира од 1995 година, а во 2019 година истата е преземена од страна на „Агроглобал Трејд“ од Скопје.

Сопствениците на компанијата со ова го заокружија производниот процес -производство на житарки, складиштење, производство на брашно и леб, како и трговија со лебно жито. Плановите се големи, најпрво стабилизирање на компанијата на домашниот пазар со инвестирање во опрема за производство на нови видови на брашно, а потоа и извоз во регионот и во ЕУ.