ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ОСНОВЕН ПРИОРИТЕТ

   

👁 Прочитано: 6071


ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ОСНОВЕН ПРИОРИТЕТ

Ангел Димитров, претседател на Здружение на текстилната и кожарската индустрија (Мода АД Свети Николе)

- Мислам дека во текстилната и кожарската индустрија проблемите ќе бидат катастрофални. Во моментот сите порачки од странство се откажани и наплатата доцни. Од 15-ти април очекуваме и  затворање на фабриките. Финансиски стабилните компании можеби ќе изнајдат решение, како на пример колективни одмори, но што со оние кои имаат намалена ликвидност. Како да обезбедиме сигурност дека вработените ќе се задржат. Колективен одмор, принуден одмор, минимални плати, олеснување кај придонесите... Што да се превземе?