28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

05.07.2018 - 07.07.2018


Советување Сандански,  Бугарија

КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ


 

Советување на тема:

КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ
РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ И
ПОСТАПКАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

5.7-8.7. 2018 година
Хотел „INTER HOTEL“ Сандански , Бугарија http://www.interhotelsandanski.bg/


           Стопанската комора на Македонија, од 5 јули до 8 јули 2018 година Ве поканува да земете учество на интерактивната тренинг обуката на тема: „ КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ И ПОСТАПКАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА“, што ќе се одржи во хотел „INTER HOTEL“ Сандански , Бугарија, каде клучна тема на оваа обука преставува учење, надоградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација на тема.

ПРОГРАМА:

- Уредување на работните односи;
- Договор за вработување;
- Начини на престанување на важноста на догвоорот за вработување;
- Основни причини за отказ;
- Кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски од страна на работникот;
- Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок;
- Други овластувања на работодавачот;
- Утврдување на кршењето на работниот ред и дисциплина;
- Застареност;
- Форма и содржина на отказот;
- Постапка при отказ заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини од страна на работодавачот (деловни   причини);
- Други одредби за давање отказ поради кршење на работната дисциплина;
- Правна заштита.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
          На советувањето ќе се третираат и прашања кои не се опфатени во агендата, а се од интерес на учесниците и се поврзани со Законот за работни односи.
Советувањето е наменето за сите вработени во правните служби, адвокатите и останати законски застапници, менаџери во компаниите, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, раководители на сектори, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните односи.

Организираност на советувањето:

Ова дводневно советување е организирано по принцип на интерактивна обука, со цел учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи.

Предавач:

- Санде Зиков, судија на Апелационен суд – Скопје.

АРАНЖМАН:

Сместување и превоз:
- Цената за сместување во двокреветна соба, по учесник, изнесува 14.500 денари.
- За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 2.300 денари.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта.)
Котизација за советувањето
- Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.130 денари (3.500 + 18% ДДВ).
Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје – Сандански - Скопје  (тргнување на 5 јули 2018 година, во 6:00 часот и враќање  на 8 јули 2018 година во попладневните часови);
- 3 ноќевања на база полупансион (шведска маса)  во хотел „INTER HOTEL“ Сандански , Бугарија http://www.interhotelsandanski.bg/;
- користење на SPA и welness центарот, базен, интернет, фитнес клуб кој е на располагање на хотелот;
- користење на конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузите;
            
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци.

* Рок за пријавување: 25 јуни 2018 година.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот Хотел „INTER HOTEL“ Сандански , Бугарија http://www.interhotelsandanski.bg/

Минимален број за реализирање на ова советување е 15 учесници.
     
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- сертификат за присуство на семинарот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права