Семинар 28.05.2020 ISO 22301 - СООДВЕТНО РЕАГИРАЊЕ И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПАНДЕМИЈА

„онлајн“ семинар (10:00-14:30)


   

Примената на барањата на ISO 22301:2019 Систем менаџментот за континуирано работење, подразбира постоење на планови за непрекинато работење во вонредни ситуации.

Во новонастанатава ситуација која ја доживуваме за првпат, би сакале да ви понудиме насоки за креирање одговори за тоа како ситуацијата влијае врз деловното работење.
Оваа „онлајн“-обука настана како реакција на ширењето на Ковид-19, пандемија која  влијае врз работењето на компаниите ширум светот и укажува на нивната спремност за подготовка и реализација на одговори за континуирано работење во вонредна ситуација, односно во актуелната пандемија. 

Преку оваа „онлајн“-обука организацијата ќе препознае на кој начин ќе подготви план за работа во вонредна ситуација - пандемија, односно што е точно пандемија, како да се справите со истата, комуникација во време на пандемија, како и на кој начин ISO стандардите ни помагаат за полесно справување со истата. 

Целта на „онлајн“-обуката: 
-добивање знаења и конкретни насоки за подготовка, изработка и примена на планови/проекти за непрекинато вршење на работните задачи - одржување на континуитет на критичните процеси во организацијата во вонредни ситуации и кога ќе заврши пандемијата.

За кого е наменета „онлајн“-обуката?
Обуката е наменета за сите заинтересирани вработени во самите организациии, со акцент на директорите, менаџерите и стручните лица во секторите за квалитет, секторите за безбедност и човечки ресурси, маркетинг и на сите останати кои во пракса се сретнуваат со ризици и нарушувања кои доведуваат до негативни ефекти врз деловното работење во организацијата.

АГЕНДА:

Прв дел: Пандемијата Ковид-19 и влијанието врз деловното работење 
Време: 10:00-10:45 часот

Вo првиот дел се запознаваме со некои основни информации за заразните болести, пандемиите, термините и дефинициите кои се однесуваат на пандемијата, нејзиното влијание, како и термини и дефиниции врзани за континуитетот на работењето. 
o Заразни болести;
o Што е пандемија?
o Термини и дефиниции - нулти пациент; патоген; резервоар...
o Начини на пренесување на болеста;
o Карактеристика на пандемски патогени;
o Економско, социјално и политичко влијание на пандемијата;
o Што е подготвеност за пандемија?
o Одржување континуитет во работењето;
o Принципи во континуираното работење.
Пауза: 15 минути

Втор дел – Подготовка во услови на пандемија
Време: 11:00 – 11:45 часот

Во овој дел ќе се понудат информации кои на учесниците ќе им помогнат да се стекнат со знаења и вештини за успешно планирање на активности со кои ќе се одржи континуитет во работењето, како и одговори на ситуацијата во време на пандемија и импликациите во матичната компанија и кои мерки треба да се преземат како би се минимизирало влијанието врз работењето. 
o Улогата на приватните организации во време на пандемија;
o Постоење стратегии како одговор на пандемијата;
o Важноста на одржувањето на континуитет во работењето;
o Приспособување на процедурите за работа согласно ситуацијата со пандемијата;
o Континуирано креирање планови за работа;
o Тестирање на плановите кои ќе бидат одговорни за време на пандемијата.
Пауза: 15 минути

Трет дел – Одговор на пандемијата
Време: 12:00 – 12:45 часот

Овој дел Ви дава скапоцени информации за тоа како соодветно да реагирате во ситуација за време на пандемија, вклучувајќи ги и активностите, односно плановите за време на пандемија, односно вонредна ситуација, потребната социјална дистанца, работа од дома, одржување на виртуелни состаноци, работилници итн.
o Пандемија - вонредна ситуација;
o План за тоа како да се реагира во време на пандемија;
o Превенција за ширење на вирусот;
o Социјално дистанцирање на работното место;
o VPN – virtual private network;
o Виртуелни состаноци;
o Соработка со околните заедници. 
Пауза: 15 минути

Четврт дел – Комуникација за време на пандемија
Време: 13:00 – 13:45 часот
Препораки за комуникација врз основа на ISO 22301

o Целта на комуникацијата;
o Јасна, чесна и емпатична комуникација;
o Интерна комуникација;
o Екстерна комуникација;
o Комуникација по пат на социјални медиуми за време на пандемија;
o Психолошкото влијание на изолацијата.

Пауза: 15 минути
Петти дел – Дискусија по поставените „онлајн“-прашања
Време: 14:00 – 14:30 часот

Предавач:  

- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и виш стручен консултант за  проектирање и имплементација на современите ситеми за менаџмент -  ISO 9001, ISO 14001:2015, OHSAS 18001, ISO/IEC 27001:2013, ISO 20000-1:2018, ISO 22301:2012, ISO 31000:2018, ISO 37001:2016, GDPR.
Акредитиран експерт-тренер од страна на PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Kanada) со повеќе од 150 тренизи во областа на систем менаџмент, процена на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).
Досега Игор Ќика има имплементирано проекти во Народна банка на Србија – ISO 22301,  Централна банка на БИХ – ISO 9001:2015 и ISO 27001:2013, Контрола на летање на Србија и Црна Гора SMATSA – Воспоставување на систем менаџмент за ризик ISO 31000, ЈКП „Инфостан технологија“ - ISO 9001:2015; ISO 27001:2013; ISO 37001:2016, ЈП „Електропривреда“ - ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015, Национална служба за вработување – ISO 37001:2016, Пошта на Р. Србија – ISO 9001:2015, „Шнајдер Електрик“ - Србија – ISO 9001:2015; ISO 14001:2015; ISO 45001:2018; ISO 27001:2013;GDPR…

Работен јазик: српски.    

Сите заинтересирани за учество на овoj „онлајн“-семинар можат да се пријават најдоцна до 22.5.2020 година.

Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015