МОЖНИ СЕ ПРОБЛЕМИ ВО СНАБДУВАЊЕТО И УСПОРУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

   

👁 Прочитано: 5654


МОЖНИ СЕ ПРОБЛЕМИ ВО СНАБДУВАЊЕТО И УСПОРУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ

М-р Горан Антевски, Здружение на металната и електро индустријата (Раде Кончар ТЕП)

- Моментално нема проблеми со снабдувањето, но за месец дена доколку остане непроменета ситуацијата ќе се соочиме со проблеми за снабдување, што би значело успорување на активностите во нашата индустрија, а тоа ќе го отвори прашањето со вработените. Голем проблем ќе се јави во дотурот на свеж капитал, од странство се стои, а цените на превозот растат. Искрено, годинава ја започнавме солидно, но актуелната состојба ни ги поместува плановите.