21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.05.2018


Актуелно  

ОДРЖАНА БИЗНИС КОНФЕРЕНЦИЈА” „МЕНАЏИРАЊЕ И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕУ-ФОНДОВИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА БИЗНИС МОДЕЛОТ НА ПЛАТЕЖНАТА АГЕНЦИЈА НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА“


На 15 мај 2018 година во Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија, Амбасадата на Република Словенија во Македонија и Стопанската комора на Македонија, се одржа Бизнис конференција на тема: „ Менаџирање и искористување на ЕУ-фондовите за земјоделие - Претставување на бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија“.

На настанот беше презентиран бизнис моделот на Платежната агенција на Република Словенија и ЕУ, особено во однос на информатичко-технолошките решенија кои претставуваат интегрален и неопходен дел од имплементацијата на Заедничката земјоделска политика на ЕУ. Во соработка со нивните клучни партнери, кои ги обезбедуваат најголемите ИТ-решенија во врска со ИТ-системите за земјоделски парцели, регистри на земјоделски стопанства, поднесување и обработка на апликации, обработка и плаќање, како и документациски системи, претставниците на Агенцијата за земјоделие и рурален развој на Република Словенија ги презентираа своите искуства и знаења.

Во своето поздравно обраќање пред  присутните, Н.Е Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија,  истакна дека во наредниот период во Македонија ќе дојде словенечки тим кој ќе ги пренесе словенечките искуства и ќе овозможи „know-how“, кој и е потребен на Македонија за ефикасно искористување на ЕУ-фондовите.

На настанот свое обраќање имаше и Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ, кој нагласи дека на нашата земја и е потребно да се фокусира на креирање на добар, квалитетен и конкурентен производ кој ќе и овозможи на преработувачката индустрија да обезбеди повеќе финансиски средства. Бабовски информирање дека за ИПАРД 2 досега се потпишани преку 100 договори за повеќе од 4,5 милиони евра кофинансирање, најмногу во преработувачката индустрија, како и за обновување на земјоделска механизација. Тој најави дека за еден месец ќе биде распишан нов повик.

Исто така, беше посочено дека Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на Словенија е компјутеризирана и работи електронки. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделстовото и руралниот развој на Словенија, Бенедикт Јеранко, посочи дека процесот за добивање информации за сите корисници е поедноставен.

На презентацијата присуствуваа повеќе од 30-тина претставници на македонски компании, претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агеницијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ.

м-р Сања Николова
м-р Ивана Крстевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права