ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПРИ УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ДОМАШНИ И ДИВИ СВИЊИ, СЕМЕ, ЈАЈЦА И ЕМБРИОНИ ОД СВИЊИ, СВИНСКО МЕСО, ПРОИЗВОДИ И ПОДГОТОВКИ ОД СВИНСКО МЕСО, ДРУГИ ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ СВИНСКО МЕСО, КАКО И НУСПРОИЗВОДИ ОД СВИЊИ ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
12.08.2019

Измена на Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија, објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 166 од 9 август 2019 година:
Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе

- РЕШЕНИЕ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПРИ УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ДОМАШНИ И ДИВИ СВИЊИ, СЕМЕ, ЈАЈЦА И ЕМБРИОНИ ОД СВИЊИ, СВИНСКО МЕСО, ПРОИЗВОДИ И ПОДГОТОВКИ ОД СВИНСКО МЕСО, ДРУГИ ПРОИЗВОДИ КОИ СОДРЖАТ СВИНСКО МЕСО, КАКО И НУСПРОИЗВОДИ ОД СВИЊИ ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Во Решението за преземање на безбедносни мерки при увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 216/16, 95/17, 118/17, 138/17, 79/18, 101/18, 124/18, 159/18, 177/18, 190/18 и 197/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 94/19, 146/19 и 153/19), Прилогот се заменува со нов Прилог (во кои се наведени областите од кои се забранува увоз и транзит низ територијата на Република Македонија на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи, свинско месо, производи и подготовки од свинско месо, други производи кои содржат свинско месо, како и нуспроизводи од свињи).


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје