ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
16.10.2019 - 19.10.2019
Конгрес
II. СВЕТСКИ КОНГРЕС НА ПРЕТПРИЕМАЧИ
Скопје, Македонија

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО
на II. СВЕТСКИ КОНГРЕС НА ПРЕТПРИЕМАЧИ
„ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Луѓe. Соработка. Развој. Сигурност.“

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, Скопје, 16. – 19. X 2019.

Почитувани претприемачи, работодавачи, економисти, претседатели на управни одбори, менаџери; претставници на државни институции, локални и регионални заедници; претставници на академската заедница, синдикати, развојни агенции, невладин сектор и медиуми! Ве повикуваме да учествувате на II . Светски конгрес на претприемачи во Северна Македонија – во Скопје, од 16. до 19. X 2019. година.

Идеите и акциите на претприемачот претставуваат темелен генератор на секој економски развој, при што несебично и визионерски се создава рамка за севкупен општествен напредок и социјална стабилност. Претприемништвото е единствен познат пат за развој и просперитет. Неговиот дух го створил сè тоа што во овој свет го знаеме како добро и напредно. На раскрсницата меѓу световите и културите, во моментите на двојба и запрашаност како понатаму, секогаш треба да се потсетиме што е тоа што до сега вредело, која била заложбата за напредок? Претприемништво, претприемачки дух и лична иницијатива, постојаната посветеност кон работата и профитот, го создадоа нашето општество и цивилизација, овозможувајќи работа, прифаќање и интегритет за секој. Секогаш одново мораме да ја истакнеме важноста на ова, постојано да објаснуваме и да потсетуваме дека претприемништвото е единствената позната иднина.

Глобалните проблеми на денешницата: војни, сиромаштија,тероризам, загрозување на планетата, и залагање за рамномерен, рамноправен, одржлив и урамнотежен развој, се темелен лајтмотив за организирање на Светскиот конгрес на претприемачи. Сакаме, меѓу другото, да ја дефинираме важноста и улогата на претприемачот во давањето на допринос во решавањето на овие глобални проблеми на човештвото.

Светскиот конгрес на претприемачи нема намера да го прмени светот, но има намера и потреба да допринесе во менување на светот – на подобро! Светскиот конгрес на претприемачи сака да ја потикне заедницата на добри дела! Дозволете и вашата компанија / институција да биде дел од овој процес.

Општата цел на Светскиот конгрес на претприемачи е: промовирање на значењето, целта и културата на претприемништвото. Организаторите очекуваат дека на вториот СКП, во прекрасната Северна Македонија, ќе учествуваат 800+ учесници од 20+ земји. Главен покровител на Светскиот конгрес на претприемачи, покрај Владата на Република Северна Македонија, се владите и министерствата за економија/претприемништво како и национални деловни асоцијации и научни институции на земјите учесници на Конгресот. Поддршка на Конгресот се очекува и од ЕУ/Европска комисија и значајни глобални институции: Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската банка за обнова и развој...

Иницијативата за одржување на Конгресот е започната, во Дубровник, на 5.3.2016. година, од страна на 254 претприемачи од 11 европски земји – учесници на Регионалниот самит на претприемачи „300 НАЈДОБРИ“. Организатори на Конгресот се: Меѓународниот економски форум „ПЕРСПЕКТИВИ“, Мрежата на млади претприемачи „4E – ЕКОНОМИЈА, ЕНЕРГИЈА, ЕКОЛОГИЈА, ЕВРОПА 2050“ и Меѓународниот клуб на лауреати „СОЗДАВАЧИ НА СТОЛЕТИЕТО“ со уште 22 организации од 11 земји од светот.

На вториот Светски конгрес на претприемачи во Северна Македонија:

Ø можете да учествувате на сите 4 дена или на 3, 2 или 1 ден (види табела 1)

Ø ќе учествувате во работата на експертската Округла маса „Претприемништвото во 21. век“ на 18. 10. 2019.

Ø ќе учествувате на две пленарни седници на 17. и 18. 10. 2019.

Ø можете, од вкупно 11 научно-стручни панели, да одберете и да учествувате во работата на повеќе од нив (види ја Програмата на СКП )

Ø заедно ќе го усвоиме и промовираме иновираниот текст на Декларацијата на СКП „Улогата на претприемништвото во глобалниот развој“

Ø можете да остварите бројни деловни контакти преку специјалната Програма "B2B"

Ø можете успешно да ја реализирате презентација на вашето работење и понудата на вашата компанија, како и вашите производи и услуги

Ø ќе бидете претставени на над десетици медиуми на Конгресот, вклучувајќи го и официјалниот веб-сајт и посебното издание на многу скапоцениот каталог на СКП

Ø можете да зборувате на еден од неколкуте стотици медиуми кои ќе ги пратат случувањата на и околу СКП

Ø можете да бидете член на Делегацијата која работно ќе ги посети највисоките државни институции и деловни здруженија во С. Македонија

Ø ќе присуствувате на свечената церемонијата на отворање на Конгресот на 17. 10. 2019.

Ø ќе бидете истакнат гостин на свечениот Прием за добредојде во Македонската филхармонија на 16.10.19.

Ø ќе се дружиме на 2 гала-вечери и на After party и ќе уживаме во културните знаменитости на Скопје - градот-домаќин

Ø најквалитетните учесници ќе ја добијат трајната титула "Глобален амбасадор на претприемништвото“

Ø заедно ќе го промовираме датумот 05.03. - Светски ден на претприемачи !

Ø ќе присуствувате на свечената церемонија за прогласување на втората светска Алеја на претприемачи во Скопје (откако во 2018. беше прогласена првата алеја во Хрватска)

Ø секоја компанија /организација ќе добие посебна Плакета во знак на благодарност за учество на Конгресот како и за промоција и развој на претприемништвото

Ø секој учесник ќе добие вредни и корисни стручни и информативни материјали, сувенири и подароци

Ø автоматски ќе станете член на Меѓународниот економски форум ПЕРСПЕКТИВИ во 2020 година

Ø ќе добиете можност повторно да дојдете во Европа (овој пат во Хрватска, во Дубровник), на VII. Регионален самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа "300 НАЈДОБРИ" во март 2020 година

Потребно е да знаете:

Ø дека вие сте една од препорачаните компании/организации за учество на Светскиот конгрес на претприемачи, со што е обезбеден очекуваниот квалитет и добрата структура на учесници на Конгресот

Ø дека со пријавувањето на вашето учество на СКП автоматски станувате член на МЕФ ПЕРСПЕТИВИ во 2020. година

Ø дека бројот на учесници на Конгресот е јасно одреден (лимитиран) по земји-учеснички

Ø дека Северна Македонија е одбрана за земја-домаќин на II. Светски конгрес на претприемачи :

o затоа што во Северна Македонија живеат и работат добри и вредни луѓе и затоа што македонското стопанство, водена од мудра политика, видно напредува од година – во година

o затоа што Северна Македонија, благодарение на одговорната политика и изразена волја за соработка и развој, наскоро ќе стане членка на Европска Унија

o затоа што Северна Македонија, со својата доследна политика и изразена волја за добрососедски односи и развој, со одобрување на целиот напреден свет и во корист на своите граѓани, успешно го реши повеќе деценискиот спор со соседна Република Грција

o затоа што Северна Македонија по леснотијата на работењето во 2019. година, спрема ИФЦ и Светската банка, е 1. во Исотчна Европа, 4. во Европа и 10. во светот !

o затоа што Северна Македонија според Конференцијата на ОН за трговија и развој со раст од 260% на странските директни инвестиции во 2018 година е регионален лидер

o затоа што Северна Македонија, во 2019. година, е 7. во светот по заштита на инвеститорите

o затоа што главниот град Скопје, едноставно кажано, брза напред и

o затоа што Северна Македонија и Скопје, како и многу пати до сега, ќе бидат одлични домаќини !

Ве повикуваме да се пријавите за учество. Бројните можности за учествување се прикажани во продолжение на текстот.

Средечно ве поздравуваме, со добредојде во Европа, во Северна Макдеонија и Скопје и на Вториот светски конгрес на претприемачи !

Проф. Д-р Велимир Сриќа, Претседател на Програмскиот одбор МЕФ „ПЕРСПЕКТИВИ“ Дубровник и Професор на ЕФ на Универзитетот во Загреб, Хрватска

Винко М. Ќуро, Претседател на Управниот одбор МЕФ „ПЕРСПЕКТИВИ“ Дубровник и главен секретар на СКП 2018 Дубровник, Хрватска

Драгољуб Вукадиновиќ, Претседател на Иницијативниот одбор на СКП и претседател на „МЕТАЛАЦ“ група а.д. Горњи Милановац, Србија

Лука Буриловиќ, Претседател на Организацискиот комитет на СКП и претседател на Хрватската стопанска комора Загреб, Хрватска

Проф. Д-р емеритус Славица Сингер, Претседателка на Научно-стручниот совет на Светскиот конгрес на претприемачи и професорка на ЕФ на Универзитетот во Осијек, Хрватска

Проф. Д-р Синиша Зариќ, Претседател на Меѓународниот програмски одбор на СКП и проф. на ЕФ на Универзитетот во Белград, Србија

Светозар Јаневски, Претседател на Меѓународниот клуб на лауреати „Создавачи на столетието“ и Претседатал на В.В. „ТИКВЕШ“ а.д. Скопје, C. Македонија

М-р Милица Даковиќ, Престедателка на Мрежата на млади претприемачи и Директорка на „Е3 Консалтинг“ Подгорица, Црна Гора

МОЖНОСТИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА СКП 2019
Краен рок за пријаување на учеството е: 15. 09. 2019. година

Обратете внимание на можностите и условите на плаќање како и попустите и бенифиците – табела 2 на следна страна.

- Табела 1 –

РБ

ПРАВА КОИ ВИ ПРИПАЃААТ СОГЛАСНО ОДБРАНИОТ СТАТУС / ВИДОТ НА КОТИЗАЦИЈА

ВИД (ИМЕ) И ВРЕДНОСТ НА СТАТУСОТ/КОТИЗАЦИЈА

СТАТУС /

КОТИЗАЦИЈА

V I P

Учество

4 дена

вредност

СТАТУС /

КОТИЗАЦИЈА

GOLD

Учество

4 дена

вредност

СТАТУС /

КОТИЗАЦИЈА

SILVER 1

Учество

16.10.

вредност

СТАТУС /

КОТИЗАЦИЈА

SILVER 2

Учество

17.10.

вредност

СТАТУС /

КОТИЗАЦИЈА

SILVER 3

Учество

18.10.

вредност

СТАТУС / КОТИЗАЦИЈА

SILVER 4

Учество

19.10.

вредност

За пријавување до 15. 07. 2019. (- cca 25%) à

425,- EUR

295,- EUR

95,- EUR

145,- EUR

115,- EUR

85,- EUR

За пријавување до 15. 08. 2019. (- cca 10%) à

510,- EUR

355,- EUR

110,- EUR

175,- EUR

140,- EUR

105,- EUR

За пријавување до 15. 09. 2019. полна цена à

565,- EUR

395,- EUR

125,- EUR

195,- EUR

155,- EUR

115,- EUR

A.

B.

C.

D.

E.

F.

G.

H.

1.

Учество на СКП и сите други стручни содржини според Програмата, во избраните денови: во 2 работни дена ќе бидат реализирани 14 стручни сесии (со симултан превод: македонски – англиски – хрватски јазик)

 

2.

Материјали СКП – печатени, електронски (каталог, листа на учесници на СКП, друго...)

3.

Резервирано VIP место на свеченото отворање на СКП (не и на други содржини)

4.

Регистрација во Листата на учесници на СКП (основни комуникациски податоци – од Пријавата за учество)

• со лого

5.

Презентирање на учесниците на СКП на веб-сајтот на СКП, со линк на веб-сајтот на учесникот.

• со лого

6.

Учество на B2B состаноци според искажаниот интерес

7.

Член на официјалната делегац. на СКП која службено ги посетува највисоките државни и деловни инстит. во РСМ

8.

Посебен прием за VIP учесници (доколку биде организиран)

9.

Гостин на свечениот Прием за добредојде на 16.10.

10.

Учествување на Свечена вечера на 17.10 или 18.10.

11.

Учествување на After party или слична програма на 18.10.

12.

Послужување за време на работните паузи на СКП

(кафе, чај, сок, вода, колачи, апетисани, овошје)

13.

Добивање на титулата „ГЛОБАЛЕН АМАБАСАДОР НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО “ (лично на секој учесник)

Според изборот на Секретаријатот и Организацискиот комитет на СКП во согласност со резултатите и квалитетот на работењето

14.

Конгресна плакета за придонес кон промовирање и развој на претприемништвото

(добива компанија/организација – учесник)*

Дијамантна плакета

Златна плакета

15.

Поклон СКП (за личност – секој учесник лично)

VIP поклон

Gold поклон

Silver поклон

Silver поклон

Silver поклон

Silver поклон

16.

Гратис котизација за учество на Регионален самит за претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 НАЈДОБРИ“, Дубровник, III./ 2020.

3 лица

2 лица

1 лице,

за 1 ден

1 лице,

за 1 ден

1 лице,

за 1 ден

1 лице,

за 1 ден

17.

Право на добивање и користење на службени фотографии, видео снимки, стручни материјали продуцирани за време на траењето на СКП

18.

ПОСЕБНА ПОНУДА: ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ во ОХРИД 19.10.2019. – не е вклучен во вредноста на котизација и се резервира посебно. Цена на аранжманот е: 70,00 EUR / лице. Вклучено е: Превоз со туристички автобус Скопје – Охрид – Скопје, 1 lunch пакет, услуги на туристички водич (1 автобус = 1 водич) и комплетна организација на излетот.

*/ Плакетите се доделуваат во Дубровник, во март 2020. г., во склоп на 7. Регионален самит на претприемачи од Средна и Југоист. Европа.

МОЖНОСТИ И УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ, ПОПУСТИ И БОНИФИКАЦИИ - Табела 2 -

(A) За плаќање на вредноста на услугите преку наведените износи, се одобрува наведениот КОЛИЧИНСКИ ПОПУСТ:

(Б) За плаќање на услугите до наведените рокови, се одобрува наведениот

ПОПУСТ ЗА НАВРЕМЕНОСТ:

(Ц) За исполнување на посебни услови и за дефинираните дејности се одобруваат

ПОСЕБНИ ПОПУСТИ:

/ * Важи за пријави извршени до 15. 07. 2019. г . /

RB

ВРЕДНОСТ

ПОПУСТ

RB

Р О К

ПОПУСТ

RB

ПОСЕБЕН УСЛОВ / ДЕЈНОСТ

ПОПУСТ

1.

Преку 6.000,- EUR

6 %

1.

До 15. 07. 2019.

25 %

1.

Членови на МЕФ ПЕРСПЕКТИВИ

(кои платиле чланарина за 2019.)

12 %

2.

Преку 5.000,- EUR

5 %

2.

До 31. 07. 2019.

15 %

2.

Членови на Мрежата на млади претприемачи од СиЈ Европа 4Е

10 %

3.

Преку 4.000,- EUR

4 %

3.

До 15. 08. 2019.

10 %

3.

Членови на Клубот на лауреати СОЗДАВАЧИ НА СТОЛЕТИЕТО

8 %

4.

Преку 3.000,- EUR

3 %

4.

До 31. 08. 2019.

8 %

4.

Членки на проектот ПАТУВАМЕ НИЗ ХРВАТСКА

6 %

5.

Преку 2.000,- EUR

2 %

5.

До 15. 09. 2019.

5 %

5.

Медиуми и невладини организации / организации на граѓанското општество

4 %

6.

Преку 1.000,- EUR

1 %

6.

Од 16. 09. 2019. (доколку има место за приј. за учество)

0 %

6.

Занаетчии, регистрирани слободни занимања, рег. самостојна дејност, ОПГ

4 %

(Д) За дефинирани институции и асоцијации се одобруваат ДОДАТНИ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ПОПУСТИ:

7.

Деловни асоцијации, комори, здруженија, задруги и сл.

7.a. Доколку се пријавува самостојно како асоцијација

12 %

7.b. Доколку се пријавува колективно учество (мин. 5 правни субјекти)

15 %

8.

ППИ – Претприем.институции

за поддршка ** и стартап

8.a. Доколку се пријавува самостојно

15 %

8.b. Доколку се пријавува колективно учество (мин. 3 правни субјекти)

20 %

9.

Локални и регионални заедници (општини, градови, региони/окрузи)

9.a. Доколку се пријавува самостојно заедница

8 %

9.b. Доколку се пријавува колективно учество (мин. 5 правни субјекти)

12 %

10.

Туристички асоцијации, организации и заедници.

10.a. Доколку се пријавува самостојно

10 %

10.b. Доколку се пријавува колективно учество (мин. 5 правни субјекти)

12 %

11.

Образовни установи (универзитети, факултети, високи школи и сл.)

11.a. Доколку се пријавува самостојно како институција

12 %

11.b. Доколку се пријавува колективно учество (мин. 3 правни субјекти)

15 %

12.

Студентски организации, студенти, фриленсери

12.a. Доколку се пријавува самостојно како поединец

25 %

12.b. Доколку се пријавуваат како група (мин. 10 лица)

70 %

(E) ЕКСТРА БОНИФИКАЦИИ за пријави извршени до 15. 08. 2019.

13.

Петиот учесник од истата компанија/организација плаќа...

... само 40% од вредноста на избраната котизација

14.

Шестиот учесник од истата компанија/организација плаќа...

... само 35% од вредноста на избраната котизација

15.

Седмиот учесник од истата компанија/организација плаќа...

... само 25% од вредноста на избраната котизација

16.

Осмиот учесник од истата компанија/организација плаќа...

... учествува бесплатно во статусот (Котизација) „Gold“











**/ Развојни агенции, претприемачки инкубатори/акселератори, зони и кампови, технолошки паркови, центри за претприемништво.

Н а п о м е н и :

1. Краен рок за пријавување учество и плаќање на сите нарачани услуги е: 15. 09. 2019. година. Исклучително, одредени пријави за учество можат да бидат прифатени и по 15. 09., но не и после 30. 09. 2019. година.

2. Попустите не се исклучуваат меѓусебно (освен попустите означени во табелата „D“ како „а“ и „b“ – на пр. 7.a. и 7.b.). Попустите се пресметуваат кумулативно, по редоследот по кој се стекнати (возможно е, на пр. на 4.000,- EUR да се оствари и до cca 1.200,- EUR попуст, и повеќе. Обрнете внимание ! ). Во пријавата за учество, во рубриката „Белешка за учесникот“, потребно е да се наведе на која врста на институција / асоцијација припаѓате, како би можел остварениот попуст да биде пресметан на про/фактура. По потреба, доколку не е јасно од содржината на апликацијата за учество, организаторот може да побара од учесниците доказ за припадност кон наведената институција / асоцијација. Напомена: Сите заинтересирани учесници што ќе го пријават своето учество преку Стопанската комора на Македонија, ќе добијат 20% попуст на котизацијата.

3. Обрнете внимание на датумите наведени под називот статус/котизација (табела 1 – колони: E, F, G, H) кои го означуваат датумот на учество во однос на одбраниот статус/котизација (т.н. еднодневно учество). Можно е да се учествува и на 1, 2 или 3 дена комбинирајќи ги меѓусобно котизациите во колоните E, F, G, H, односно пријавувајќи се за оние денови кои вам највеќе ви одговараат. Статус VIP (колона C) и статус GOLD (колона D) вклучуваат учество во сите денови на СКП.

4. Побарајте од организаторот посебни Понуди за нарачки на маркетиншки, хотелcки и други сродни конгресни услуги на СКП.

5. Пријавување на учество и разервации на други услуги се вршат преку посебна апликација (образец).

6. Рокови за откажување: Во случај на откажување на апликација за учество во периодите: 60 дена до почетокот на СКП – организаторот го задржува правото на наплата на 50% од пресметаните средства; откажување до 30 дена пред почетокот на СКП – учесникот плаќа 75% од пресметаните средства, а во случај на откажување во период пократок од 30 дена до почетокот на СКП – учесникот плаќа 100% од пресметаните средства.

7. ДДВ во висина од 25% не е вклучено во претходните вредности и истиот ќе бидат пресметани на фактура/сметка (доколку, спрема Закон, во земјата на седиштето на учесникот се наплаќа ДДВ).

Ве замолуваме, за сите потреби, контактирајте нè преку е-адресата: poduzetnistvo@promo-perspektive.com


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
д-р Татјана Штерјова
Телефон: ++ 389 2 3244065, М: 070 276-023
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Tatjana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: irena.mojsovska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје