ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
16.09.2019
Семинар
ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ ПРЕКУ ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО БРЗИНА И АКТУЕЛНОСТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ ПРЕКУ ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО БРЗИНА И АКТУЕЛНОСТ

16.9.2019 година (понеделник)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Овој семинар е наменет за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор, маркетинг професионалци, претприемачи и проект менаџери кои се вклучени во процесите на корпоративни и маркетинг комуникации, односи со јавност и управување со социјални мрежи. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко и темелно разбирање за важноста, вредноста и функционалноста на современиот односи со јавност во интеграција со социјалните мрежи, алатките на односите со јавност, механизмите и медиумите, како и моделите за успешни комуникации со таргетираната публика. Учесниците ќе спознаат функционални модели за дигиталниот ПР, креирање содржина и атрактивен наслов, визуализација на приказните, брифирање и пристапување кон новинари, развој на стратегија и временско усогласување на медиа планот со социјалните мрежи. Воедно, учесниците ќе добијат темплејти за маркетинг планирање, медиа планирање и пристап до сознанија за оптимално комбинирање на традиционални и дигитални медиуми, сето тоа преку применливи групни и индивидуални вежби.
 
Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Насловот како скратен текст: Како до совршен ПР наслов?
- Кога креираме вест преку соопштение до медиуми, а кога преку интервју?
- Како перцепира вести современата публика од аспект на време, атрактивност, разбирање?
- Кои се алатки на современите односи со јавност?
- Како се креира вест од информација?
- Како градиме однос со медиумите и новинарите?
- Медиуми: традиционални и дигитални. Како да ги комбинираме?
- Како се креира содржината?
- Како се расажуваат визуелни приказни?
- Како да комуницираме денес со намалено внимание од публиката?
- Како да таргетираме различни генерации на купувачи?
- Кризен ПР.

ПРОГРАМА:

- Разбирање на современата публика и намаленото внимание;
- Рекламирање, односи со јавност, лична продажба, директен маркетинг и промоција;
- Медиуми: традиционални и дигитални;
- Социјални мрежи и визуелни комуникации;
- Релации со медиуми;
- Креирање содржина;
- Креирање вест од информација;
- Кризен ПР;
- Вежба.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации:

- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со таргетираната јавност;
- Приближување и преференција кај медиумите;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Минимизирање на трошоците за маркетинг и односи со јавност;
- Подобрување на комуникациите со медиумите;
- Контрола врз вестите за компанијата;
- Управување со кризен ПР.


Предавач:

-д-р Љупка Наумовска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено-одговорна природа насочени кон категоријата загрозени деца од социјален и здравствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одоворност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидисциплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 12.9.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје