ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
24.10.2019 - 25.10.2019
Конференција
СИНЕРГИЈАТА - КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА РЕГИОНОТ
Хотел „Сплендид“ – Будва, Црна Гора

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Црна Гора, Ве поканува да бидете дел од овогодинешната Конференција на тема: „Синергијата - клуч за успех на регионот“, што ќе се одржи во периодот од 24-25 октомври 2019 година во хотелот „Сплендид“ - Будва, Република Црна Гора. На овогодинешниот настан ќе присуствуваат високи државни претставници од земјите од регионот, како и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и науката, кои со свои излагања ќе се обратат пред присутните.

Ве молиме, за Вашиот интерес за учество на Конференцијата да не` информирате со пополнување на пријавниот лист (во прилог), најдоцна до 15 oктомври 2019 година (вторник).

- За учество на Конференцијата не се плаќа котизација. Паузите за кафе и ручек се бесплатни.

- Трошоците за патување и сместување се на тoвар на компаниите.

- Резервацијата за сместување ја обезбедуваат самите учесници, по електронски пат, на следната веб-страна: http://www.montenegrostars.com . За сите учесници на Конференцијата се обезбедени специјални цени. При вршење на регистрацијата во полето „Access key“ внесете cem2019 , за да добиете специјален попуст.

За повеќе информации, контакт:

- м-р Ивана Крстевска, тел: 3244 051, е-адреса: ivana@mchamber.mk и
- м-р Сања Николова, тел: 3244 091, е-адреса:
Sanja@mchamber.mk


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Ивана Крстевска
Телефон: ++ 389 2 3244051
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Ivana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Сања Николова
Телефон: ++ 389 2 3244091, M. 070 390 009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: sanja@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје