ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.09.2019 👁 Прочитано: 256

КИФ во посета на „Пекабеско“


Во насока на креирање на единствена Регионална економска област (РЕО), а со цел соединување на регионот и овозможување заеднички напредок на бизнис заедниците и економиите на шесте земји од регионот на Западен Балкан, претставници од Коморскиот инвестициски форум (КИФ) вчера ја посетија компанијата „Пекабеско“ и остварија работна средба со првиот извршен директот на компанијата, Слободан Кутревски. Оваа средба беше прва од низата посети коишто КИФ планира да ги реализира во наредниот период во компаниите од регионот.

На состанокот беше дискутирано за предизвиците со коишто се соочуваат компаниите од месната индустрија при извозот на пазарите од регионот и пошироко, но и при увозот на суровини и други продукти во Македонија. Потребно да се слушне гласот на бизнис заедницата со цел да се детектираат проблемите во реалниот сектор и да се преземат конкретни мерки за решавање на истите преку Коморскиот инвестициски форум.

КИФ во посета на „Пекабеско“

Решавањето на предизвиците, како што се унифицирање на граничните премини и застапување на слободното движење на добра/услуги низ регионот, взаемно признавање на потребните гранични декларации, документација за одреден вид производи од сертифицирани лаборатории, агенции, итн., дизајн и имплементација на регионален ИТ-систем за поврзување на сите царини во регионот и др., значително ќе помогне при градење силни билатерлани односи меѓу шесте земји од регионот и ќе придонесе за што поскоро приклучување на регионот кон Европската унија, во зона на стабилност, безбедност и економски просперитет.

м-р Сања Николова

КИФ во посета на „Пекабеско“
КИФ во посета на „Пекабеско“
КИФ во посета на „Пекабеско“