ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
12.09.2019 👁 Прочитано: 288

Остваренa средбa меѓу македонски стартап компании и серискиот претприемач од Индија


На 12 септември 2019 година во Фондот за иновации и технолошки развој македонски стартап компании остварија средба со Еван Лутра, сериски претприемач од Индија и сопственик на  „ЕЛ Груп Интернатионал“ (EL Group International).

Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, го претстави младиот претприемач пред присутните и истакна дека како резултат на поддршката која ја креира Фондот за стартап компаниите, екосистемот бележи значителен раст.

Младиот дваесет и четиригодишен  претприемач, кој е инвеститор во над 50 компании од различни области, пред присутните ја раскажа својата успешна приказна за развојот на мобилни апликации. Тој додаде дека првиот милион го има заработено преку првата апликација на „App store“. Сопственик е на стартап „Студио“, акредитиран инвеститор на „Ангеллист“ и „ЕЛ Интернатионал Груп“, а исто така е и мотивациски говорник.

Лутра зборуваше генерално за можноста и начинот како младите претприемачи кои имаат иновативни идеи, сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга да дојдат до финансиски средства.

По завршувањето на официјалната средба, три стартап компании меѓу кои: „Stratum R&D“, „Qpick“ и „Mobidonia“ имаа можност да ги презентираат своите иновативни идеи и проекти пред Лутра со цел да бидат дел од уште една успешна стартап приказна.

Инаку, индискиот претприемач Еван Лутра ќе биде еден од говорниците на утрешниот Балкански претприемачки самит, кој има инвестирано во над 23 бизниси од областа на енергетиката, реклaмирањето, блокчејн.

М-р Ивана Крстевска

Остваренa средбa меѓу македонски стартап компании и серискиот претприемач од Индија
Остваренa средбa меѓу македонски стартап компании и серискиот претприемач од Индија