19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

12.03.2018 - 12.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА


Еднодневен семинар:

ОПТИМИЗАЦИЈА  И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА
12.3.2018 година (понеделник)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија на 12 март 2018 година организира еднодневен семинар на тема: „Оптимизација и уредување на работното место по 5С методологија“.
5С методологијата е една од основните алатки за изградба на KAIZEN филозофијата, како и воспоставување на LEAN системот во производствените и непроизводствените претпријатија. 
5С е структуиран пристап за развој на работната дисциплина. Всушност, 5С е јапонска методологија развиена од страна на „Toyota“. Тоа е техника во 5 чекори која служи за промена на свеста на вработените во работното опкружување. Оваа методологија можеби изгледа како една од техниките за чистење, но не е само тоа, заднината е подлабока! 5С помага да се идентификуваат и елиминираат некорисните работи/отпад на работното место. Помага во воспоставување на попродуктивно и поквалитетно работно опкружување. Ја поттикнува компанијата да ги следи објектите/прашањата кои често се занемарени. 5С е алат за оптимизација на работните места. 
Суштинската корист која 5С методологијата треба да ја донесе во компанијата е промена на однесувањето или промена на навиките на вработените во целите на оптимизација на работата во работните места, а со самото тоа и оптимизација на работата на компанијата.
Тоа подразбира запознавање со нејзините 5 принципи: Сортирање и класификација (Sort), Функционално распоредување или уредување (Set in Place), Чистење (Shine & Sweep), Стандардизирање (Standardise) и Прием и одржување (Sustain).

Цел на семинарот е учесниците: 
• да ја разберат и да ја прифатат суштината на 5С методологијата; 
• да знаат да ги препознаат потребите за имплементирање на 5С; 
• да ги научат чекорите за имплементација и како да ги применат во пракса; 
• да научат да вршат евалуација на имплементираната 5С методологија; 
• да научат како да ги промовираат и да ги унапредат имплементираните 5С. 
 
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за сите кои на кој и да било начин се вклучени во работните или производните системи на организацијата, како и лица кои се на раководни позиции во компанијата, а посебно доколку компанијата во која работат е класифицирана како добавувач во автомобилската индустрија. 
Начин на работа:
Оваа еднодневна обука е организирана по принцип на тренинг обука, каде учесниците преку предавање и анализа на студии на случај ќе стекнат нови и ќе ги унапредат постојните знаења од примена на 5С методологијата.

ПРОГРАМА
• Поим, значења и суштина на 5С;
• Пристап кон 5С;
• Област на примена на 5С;
• Позитивно влијание на 5С;
• Корист од 5С;
• Започнување 5С проекти;
• Формирање проектни тимови;
• Имплементирање на 5С принципи;
• Преглед на состојба;
• Спроведување на секој од 5С принципите;
• Препреки при имплементирање на 5С;
• Добра пракса;
• Евалуација;
• Промоција и постојано унапредување на 5С.

Предавач:
- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија, SIX SIGMA BLACK BELT консултант, Yamaha Corporate Philosophy – „KANDO” Misija (Како да се креира и континуирано да се одржува „KANDO”? (најдлабок облик на задоволство на купувачите), преку примена на моделот Yamahova 21-вредност).
Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 5.03.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права