28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

05.09.2018 (Работилница)
ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.03.2018


Актуелно  

ЈАКНЕЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ЕСТОНИЈА


Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Естонија, Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, на 12 март 2018 година организираа Бизнис форум и деловни средби меѓу претставници од бизнис секторот од двете земји.

Бизнис форумот и деловните средби се одржаа во рамките на посетата на бизнис делегацијата од Република Естонија, предводена од Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи во Министерството за надворешни работи на Р. Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија. Како дел од делегацијата беа присутни и еминентни естонски бизнисмени со кои што македонските компании имаа можност да остварат директни бизнис-средби од областите на: земјоделството и  прехранбениот сектор; ИТ-технологиите и софтверски решенија во делот на управување со клиенти, одбрана, транспорт и логистика, комунални дејности, банки, штедилници и осигурителни компании, како и консултантски  услуги.

Во своето воведно обраќање, Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој што воедно беше и домаќин на денешниот настан, истакна дека оваа средба може да биде поттик за унапредување на стопанската соработка меѓу двете земји и да се создадат услови за подобро меѓусебно запознавање, што ќе се заокружи со конкретни резултати на деловен план.

-Тргнувајќи од фактот дека Естонија се препознава како една од земјите -  лидери во креирањето иновативни софтверски решенија во насока на олеснување на административните процедури во државните институции, во системските решенија на компаниите, вклучително и програмските пакети за разни видови потреби на граѓаните, како дел од развојот на информатичката технологија, сегмент кој е исто така од особено значење и за македонската економија, сметам дека има простор за развивање и продлабочување на меѓусебната соработка на полето на информатичката технологија. Воведувајќи го е-државјанство, Естонија ги отвори вратите на својот пазар и овозможи отворање компании со само еден клик, без физичка присутност во државата, - истакна Пешев.

Пешев исто така додаде дека согласно структурата на економијата, соработката меѓу Македонија и Естонија, покрај ИТ-секторот, може да се развива и во делот на земјоделството, прехранбениот сектор, туризмот.  Индустриите на кои се потпира естонската економија се и: електрониката, дрвната индустрија, текстилната индустрија, телекомуникациите, земјоделието (пред се` во делот на производство на жито, зеленчук, добиток, млечни производи и риба), што отвора простор меѓусебната соработка да се одвива и во овие индустрии.

-Македонија и Естонија иако се многу далечни, сепак се многу слични земји и од тие причини потребно е да се работи на интензивирање на соработката. Македонија ја оценуваме како земја во којашто владее одлична бизнис - клима и поволна даночна политика, фактори коишто се привлечни за естонските бизнисмени, - истакна Ваино Реинарт, потсекретар за економски работи и развој во Министерството за надворешни работи на Естонија. Тој додаде дека во последните три години соработката меѓу двете земји е зголемена за 15 пати, што е значителен напредок, но верува дека постои простор за уште позначајни резултати. Во своето обраќање тој ја најави и новата авионска линија на релација Охрид - Талин, којашто верува дека дополнително ќе придонесе во меѓусебното запознавање и зближување на двете земји.

Трговската размена меѓу Република Македонија и Република Естонија покажува неконзистентност, истата од година во година е променлива, што укажува на податокот дека не постои познавање на потенцијалите на двете земји и согласно на тоа не се воспоставени трајни деловни врски меѓу стопанствениците. Во 2017 година реализирана е вкупна размена во вредност од 5,11 милиони САД $, што претставува зголемување од 190% во однос на 2016 година и при тоа остварен е суфицит на македонска страна од 3,1 милиони САД $.  Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2017 година во структурата на извозот се застапени: други електрични спроводници, за напон што не надминува 1000 В, додека од Естонија се увезува само конзервирана риба.

м-р Сања Николова

 

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права