27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

30.05.2018 - 01.06.2018


Форум Белград,  Србија

Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград


 

Бизнис форум
ФРАНЦИЈА - БАЛКАН 2018
30 мај – 1 јуни 2018 година
Белград, Р. Србија

Почитувани,
 
     Стопанската комора на Македонија во соработка со „Business France“ и Амбасадата на Република Франција во Македонија, ве покануваат да земете учество и да бидете дел од претстојниот тридневен Бизнис форум: Франција – Балкан 2018. Бизнис форумот ќе се одржи во периодот од 30 мај до 1 јуни 2018 година, во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, Р. Србија. Овогодинешниот Бизнис форум се организира со цел да им помогне на компаниите од Балканот да најдат потенцијални партнери од Франција, и тоа од областа на:

• агроиндустријата;
• инфраструктурата;
• енергетиката, со фокус на обновливи извори на енергија;
• информатичките технологии и
• туризмот.

     На Бизнис форумот покрај експерти, менаџери на големи светски  корпорации, претставници од владиниот сектор и јавни институции, учество ќе земат и сопственици на големи производствени компании од Франција, кои се присутни на Балканот, како и стопанственици од 12-те земји - партнери на овогодинешниот Бизнис форум: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Хрватска, Македонија, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија.

     На пленарната сесија на Бизнис форумот се предвидени и панел дискусии на теми значителни за развојот на бизнис климата меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ. Темите што ќе бидат покриени од страна на експерти во своите области се:
• Како да се развие успешен бизнис на Балканот?
• Како да го финансирате развојот на бизнисот на Балканот?
• Како да инвестирате на Балканот?

        Компаниите коишто ќе го пријават своето учество на претстојниот Бизнис форум ќе имаат можност да остварат билатерални средби со потенцијални бизнис партнери од Франција во делот на:
• дистрибуција на француски технологии/продукти/услуги на домашните пазари;
• набавка на нова опрема и технологии од Франција за подобрување на домашните капацитети;
• наоѓање француски партнери за заедничко аплицирање на тендери;
• наоѓање француски партнер за инвестирање во зголемување и проширување на производствени капацитети на Балканот;
• наоѓање потенцијален партнер за заеднички настап на трети пазари.

 

Услови за учество и регистрација:
 -работен јазик на тридневниот Бизнис форум е англиски;
 -за сите регистрирани компании на коишто ќе им биде одобрена регистрацијата од страна на организаторите, учеството е бесплатно;
 -сите компании коишто ќе добијат лозинка за „on-line“ регистрација, мораат задолжително да:
       o ја потврдат истата со „on-line“ пријавување на официјалниот портал на Бизнис форумот;
       o да одберат партнери за билатералните средби;
       o да направат распоред на истите и
       o задолжително да земат учество на Бизнис форумот.
 -трошоците за патување и сместување се на товар на компаниите.

*Од страна на организаторите  резервирани се 100 соби во хотелот „Метропол Палас“ во Белград, со обезбеден попуст за сите учесници што ќе резервираат кај нив. Цените се 110 €  за еднокреветна Superrior/Deluxe и 130 € за двокреветна Superrior/Deluxe соба. Сите учесници при резервацијата на собите, потребно е да наведат дека се учесници на Business France, France-Balkans Business Forum.


     Сите компании заинтересирани за учество на претстојниот Бизнис форум: Франција – Балкан 2018, потребно е да се регистрираат на следниот линк: http://francebalkansforum18.talkb2b.net/members/register , или да го пополнат пријавниот лист во прилог  (на англиски јазик) и да го достават до контакт-лицата: м-р Сања Николова, телефон: +389 2 3244 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk и Игор Тасевски, телефон: +389 2 3244 066, е-адреса: igor@mchamber.mk , најдоцна до 20 април 2018 година.

Во прилог:
-Агенда;
-Пријавен лист;
-Листа на француски компании.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски
Тел: ++ 389 2 3244066
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: igor@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права