27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

04.07.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА НА ТЕМА: ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

14.07.2017 - 14.07.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)


Еднодневен семинар на тема:

АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО
 (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

14 јули 2017 година (петок)
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 


      Стопанската комора на Македонија, на 14 јули 2017 година, Ве поканува да земете учество на еднодневниот семинар на тема: „Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес менаџмент  (стрес менаџмент стратегии и техники)“, исполнет со интерактивни вежби преку кои ќе може да научите како да ги унапредите своите  комуникациски вештини како на деловен план, така и на приватен план,  да разберете која е разликата помеѓу лидерство и управување; правилно да оцените во кои ситуации да се водите по разум, а кога по емоции; начини за унапредување на личните и тимските вештини и останати техники кои ќе Ви помогнат полесно да се реализирате на деловен план.
      Антистрес тренингот е наменет за професионалци кои се соочуваат со предизвиците на динамичниот и турбулентен животен стил кој делува на психофизичкото здравје. Тренингот овозможува ефикасна обука за употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии и техники во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Учесниците ќе научат како да ги применуваат техниките на работното место, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, а когнитивно бихејвиоралниот модел ќе им овозможи полесно самоспознавање и контрола на стресните ситуации.
      Во вториот дел на работилницата, ќе бидат прикажани автентични вештини во управување со конфликтни ситуации во интерперсоналните односи. 

За кого е наменет семинарот?
Советувањето е наменето за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор и тоа за   менаџери, директори, управители и раководители во компаниите, вработени во правните и финансиските служби,  вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го надградат своето знаење или истото да го потврдат во дадената проблематика.

Придобивки од обуката:

• релаксација;
• подобра лична и работна ефикасност;
• јакнење на комуникациски вештини;
• справување со конфликт;
• мотивираност;
• креативност;
• концентрација;
• организациски бенефит.

Содржина на актуелни теми:

I Модул  
- Тело-ум поврзаност (КБТ-модел);
- Mониторинг на стрес.

II Модул
- Стрес  менаџмент техники; 
- Интерактивни вежби – примена во пракса.
 
III Модул
- Такт и ритам во интерперсонални односи.

IV Модул
- Предизвик за промена.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  ручек и освежување;
-  сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 7 јули 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права