25.09.2017 (Форум)
„Регулатива за работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“

26.09.2017 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

26.09.2017 (Форум)
"Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот"

27.09.2017 (Саем)
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И АГРОИНДУСТРИСКИ ПРОИЗВОДИ „ПРИШТИНА 2017“- 27-30.9.2017

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

28.09.2017 (Семинар)
СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.09.2017 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

29.09.2017 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

03.10.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

10.10.2017 (Семинар)
Забрзаните постапки (постапки за порамнување и спогодување) согласно Закон за прекршоците и улогата на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

10.10.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП-ШТИП

16.10.2017 (Конференција)
„Втора хрватска конференција за проценка на ризик и безбедност на храната“- 16-17.10.2017 Осиек, Р.Хрватска

16.10.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ

17.10.2017 (Работилница)
НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО - БРЕНД 2.0

18.10.2017 (Семинар)
КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

18.10.2017 (Семинар)
ПРЕДНОСТ НА ДОГОВОРИТЕ СО ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРЕНОТО

19.10.2017 (Семинар)
ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

19.10.2017 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ- ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ, КОУЧИНГ И КОНТРОЛА -

22.10.2017 (Конференција)
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ

24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

29.06.2017 - 02.07.2017


Тренинг обука Хотел „СВЕТИ СПАС***** “ ,Велинград, Бугарија http://www.spaclubbor.com/,  Бугарија

Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ


Тренинг обука на тема:

КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ
29 јуни – 2 јули 2017 година

  Хотел „СВЕТИ СПАС***** “  Велинград, Бугарија http://www.svetispas.com/

 Стопанската комора на Македонија, од 29 јуни до 2 јули 2017 година, Ве поканува да земете учество на тренинг обуката на тема: Креирање на ефикасен систем за оценување и мотивирање на вработените како важен  механизам за развој, што ќе се одржи во  хотелот  „СВЕТИ СПАС***** “во Велинград, Бугарија, каде ќе имате можност да ја следите тренинг обуката исполнета со интерактивни вежби преку кои ќе може да научите како да ги унапредите своите вештини при креирање на ефикасен систем за мотивирање и правилно оценување на вработените, со цел да се постигнат подобри и поефикасни резултати од самите вработени, а со тоа и постигнување на целта на самата компанија, притоа не занемарувајќи го нивното задоволството за вложениот труд.
Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните  механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се  базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се коригираат во  текот на работењето. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни, каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работење на своите вработени, но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење  и на ефикасноста на организацијата.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
•Што е мотивација;
•Мотивацијата преку призмата на човековите потреби;
•Што се тоа мотиватори;
•Идентификување на личните мотиватори;
•Улогата на личниот вредносен систем во самомотивираноста;
•Идентификување на личниот вредносен систем;
•Материјални и нематерјални фактори на мотивација;
•Наградата како мотиватор;
•Казната како мотиватор;
•Целта како мотиварот;
•Смислата и значењето како мотиватор;
•Односот и комуникацијата како мотиватор;
•Припадноста како мотиватор;
•Автономијата и слободата како мотиватор;
•Можноста за продонес како мотиватор;
•Можноста за учење и развој како мотиватор;
•Мотивациски профил на секој вработен;
•Лидерот како мотиварот;
•Споредувањето како фактор во мотивацијата;
•Осетливоста на мотивацискиот процес на надворешни влијанија;
•Цел на системот за оценување;
•Дефинирање на општи компетенции за оценување;
•Дефинирање на специфичните компетенции за оценување за секое работно место;
•Процес на одредување на оценка;
•Мерки за избегнување на субјективноста во оценувањето;
•Процес на подготовка за соопштување на оценките;
•Насоки за успешно соопштување на оценките;
•Дефинирање на план за развој;
•Насоки за успешно давање на конструктивен фидбек;
•Пречки при давање и фидбек и постапки како да се надминат;
•Основи на коучингот;
•Што е личен развој;
•Цели на личниот развој;
•Фази на личниот развој;
•Самосвесноста како клучен елемент за личен развој;
•Алатки и техники за зголемување на самосвесноста;
•Емоционалната интелигенција како дел од процесот на личен развој;
•Социјалното учење како основа за себе развој;
•Процес на себе освестување преку теоријата на Џо-Хари прозорецот;
•Пречки во примена на сознанијата од теоријата на Џо-Хари прозорецот и насоки за нивно надминување;
•Личниот развој, низ концептот на искуствено учење;
•Пречки во практикување на искуственото учење и насоки за нивно надминување;
•Важноста на самодисциплината и самоконтролата.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
•За менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
•за раководители и останати вработени од сите нивоа во човечки ресурси, правен сектор, од финансии, производство, набавки и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

АРАНЖМАН:

Сместување и превоз:

- Цената за сместување во двокреветна соба, на база полупансион и превоз, по учесник изнесува 13.330 денари.
- За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 1.240 денари на ден.
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта.)
Котизација за советувањето
- Котизацијата за дводневното советување изнесува 4.130 денари (3.500 + 18% ДДВ).
- Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата.
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Велинград- Скопје       (тргнување на 29 јуни 2017 година, во 6:00 часот и враќање  на 2 јули 2017 година во попладневните часови);
- 3 ноќевања на база полупансион (шведска маса)  во хотелот „СВЕТИ СПАС***** “, Велинград;
- користење на SPA и welness центарот, базен, интернет, фитнес клуб кој е на располагање на хотелот;
- 1 СПА процедура по лице од соба по избор од: ароматна бања, апаратна масажа на стомак, лимфодренажа на долни екстремитети, биоскенер:
- користење на конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузите
- посета на Софија.
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
•патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци.

* Рок за пријавување: 16 јуни 2017 година.

Пријавувањето за советувањето после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотелот „СПА ХОТЕЛ БОР “ -  Велинград.

Сигурна реализација.

      
 За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  сертификат за присуство на семинарот.


 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права