26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита 26.04.2018 (Инфо сесија) Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија 27.04.2018 (Семинар) ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 30.04.2018 (Семинар) ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ 04.05.2018 (Семинар) МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT) 08.05.2018 (Бизнис средби) Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија 09.05.2018 (Семинар) Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ 29.05.2018 (Семинар) УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) 30.05.2018 (Форум) Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград 30.05.2018 (Семинар) ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата 12.06.2018 (Бизнис средби) БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија 19.06.2018 (Бизнис средби) Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ 07.11.2018 (Бизнис средби) Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија |
|||||||
ISO 9001ISO 9001Што е ISO 9001? ISO 9001 е најпозната меѓународна норма која поставува барања за воспоставување и одржување на системот за управување со квалитет, а е применлива за сите видови на организации(профитни/непрофитни, производни/услужни, мали /средни/големи). Ги опфаќа основните процеси внатре во организацијата (продажба, развој, набавка, производство/услуги, итн) обезбедувајќи дека низ дадените активности тие процеси се водени во контролирани услови, и како такви ги задоволуваат барањата на релевантните заинтересирани страни:
Системот за управување со квалитетот согласно барањата на ISO 9001 денес се користи во целиот свет, а негова сертификација е општоприфатен начин за докажување на сегашните и потенцијалните партнери дека производот или услугата ќе ги задоволи неговите барања во врска со квалитетот.
Систем за управување со квалитет Организацијата мора да го воспостави, документира, применува и одржува системот за управување со квалитет, и континуирано да ја подобрува неговата ефикасност во согласност со барањата на овој меѓународен стандард. Воведување систем за квалитет Стопанската комора на Македонија, поточно Центарот за унапредување на квалитетот во производство и услуги, кој функционира во рамките на истата, работи на воведување на систем за управување со квалитет согласно ISO 9001. Динамичен/акционен план на активности
Потребни документирани информации Документираните информации кои треба да се изготват за да бидат задоволени барањата од стандардот се следниве:
Организацијата мора да спроведе интерни проверки во одредени временски испланирани интервали, за да потврди дека системот за управување со квалитет е воспоставен и е усогласен со планираните активности по однос на барањата од стандардот, а воедно и ефективно имплементиран и одржуван. Постои процедура за интерни проверки, која детално го дава текот на активности релевантни за овој процес:
Корективни мерки Организацијата треба да спроведе активности за да ги елиминира причините кои условиле појава на неусогласеност, а со цел да ја спречат нивната повторна појава-корективна мерка. Воедно, организацијата треба да одреди и такви активности кои имаат за цел да ги елиминираат и причините кои би условиле потенцијални не усогласености, а се со цел да се спречи нивното појавување. Процедурата за корективна мерка детално ги опишува сите потребни активности, релевантни за тој процес:
Предоценката на системот за управување со квалитет е завршна фаза од проектот-Воведување на систем за управување со квалитет. Околу четири до шест недели пред сертификацијата од страна на Сертификационото тело, треба да биде извршена целосна предоценка на Системот за управување со квалитет од страна на Стопанската комора на Македонија. На предоценката треба да се гледа како на вежба за "вистинската" сертификација која следи. На ова ниво не е пожелно да биде пронајдена било каква голема неусогласеност, но ќе биде од корист искуството за комуницирање со проверувачите на Сертификационото тело. Од извршената предоценка главниот проверувач изготвува извештај, врз основа на кој се превземаат корективни мерки, ако се најдени одредени неусогласености. ![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: emilija@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|