28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

05.09.2018 (Работилница)
ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.03.2018


Актуелно  

СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ НА СРБИЈА И НА МАКЕДОНИЈА ЗА ТРГОВИЈА СО БРАШНО БЕЗ БАРИЕРИ


Стопанските комори на Србија и на Македонија го поддржуваат договорот што го  постигнаа во Скопје ресорните министри на двете земји, со цел да се најде трајно решение за проблемот во меѓусебната трговија со брашно. Коморите се залагаат сите отворени прашања да се решаваат со дијалог и во интерес на деловните заедници на двете земји. 

„Го поздравуваме основањето на заедничкиот комитет, составен од надлежните  институции на двете земји, со цел што поефикасно да се најде решение за отстранување на бариерите и препреките во меѓусебната трговија и со дијалог да се решат сите  отворени прашања“, истакнаа во заедничката изјава Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Двете комори се подготвени да се вклучат активно во работата на Комитетот и да ги стават на располагање своите ресурси, со цел што поефикасно, вклучувајќи ги предлозите на  стопанствата на двете земји, да се отстранат сите предизвици и да се овозможи  непречено работење.

Се очекува постигнатиот договор да понуди трајни решенија, бидејќи едностраните мерки, коишто претставуваат нецарински бариери, делуваат дестимулативно на стопанствата на сите членки на ЦЕФТА-Договорот.

Стопанските комори на Србија и на Македонија укажуваат дека е неопходно  новооснованиот Комитет што поитно да ги разгледа сите отворени прашања и да предложи решенија за отстранување на сите бариери и препреки во меѓусебната  трговија.

На состанокот на министрите за трговија, туризам и телекомуникации на Србија и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија кој се одржа на 07.03.2018 година, договорено е маркичките на увозните пакувања на брашно со мала тежина наменети за малопродажба да се ставаат во Србија, а на оние пакувања од 25 и 50 килограми, во Македонија. 

Одделение за информирање











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права