Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.03.2018


Актуелно  

„CLOUD“ РЕШЕНИЈА, НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ – МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ


Новите технологии овозможуваат брз и ефикасен пристап до сите информации потребни за ефективно завршување на работните процеси. Интерната комуникација на секој од бизнисите е од круцијално значење, овозможувајќи  подобрување на внатрешните процеси. Честопати  недостатокот на пристап до потребните информации е претставен како клучна кочница во понатамошното проследување  на информациите и обезбедување на квалитетно испорачан производ или услуга.

Се’ поголем број претпријатија користат „Cloud“ базирана инфраструктура. „Cloud“ работењето е бизнис концепт кој обезбедува нов начин на пристап до личните податоци и апликации кои наместо да бидат складирани во компјутер, се складираат во виртуелен облак (Cloud) кој овозможува пристап до сите програми, документи и записи од кое било место и во кое било време.

Следејќи ги трендовите на технолошката револуција, Стопанската комора на Македонија на 16 март 2018 година организира „САМИТ НА МАЛИТЕ ЗЕМЈИ – НОВИ ТРЕНДОВИ ВО БИЗНИСОТ“, а токму „Cloud“ решенијата и дигиталната трансформација на бизнисите ќе бидат дел од темите кои ќе бидат презентирани пред учесниците на Самитот. Посебен осврт во панел - дискусијата ќе биде даден на „Поврзаноста, „Cloud“ решенија и информатичката технологија како база за развој на економиите на малите земји“.

Повеќе информации за Самитот можете да најдете на следниот линк:    http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=56&evId=2657&lId=1

Михајло Донев











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права