19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

08.11.2018


Актуелно  

Одржано предавање на тема: „ПРЕПОЗНАВАЊЕ И РЕДУЦИРАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА НЕГАТИВНИТЕ КРИТИКИ“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ


Клубот на менаџери-претприемачи, на 8.11.2018 година, реализираше едукативното предавање на тема: „Препознавање и редуцирање на влијанието на негативните критики“ со м-р Катерина Наумовска-Ристовска, психолог и сертифициран тренер по емоционална писменост, едукатор во Центарот за едукација при Друштвото за деловни и консултанстки активности „Гравитрон “ – Скопје.
Она што не е сосем јасно, а е многу битно и е неизоставен дел од деловниот успех, лежи во нивниот начин на соочување со критиките од кои секогаш знаат да извлечат корист.  

Критиката има два различни вкуса: конструктивен и деструктивен. Со обата треба да се постапува внимателно, иако спрема секој треба да се има поинаков став. Повеќето луѓе зборот „критика“ автоматски го поврзуваат со негативна конотација бидејќи веднаш помислуваат дека критиките секогаш им носат нешто деструктивно. 
Деструктивната критика и не е сосем искористлива. Може да ни се укаже на грешката, но доколку упатената порака не содржи начин за решавање на настанатиот проблем, критиката ќе резултира со исклучиво негативен ефект, па поради тоа  најдобар начин за соочување е едноставното занемарување, односно игнорирање на пораката со негативна заднина и обид за промена на нејзиниот предзнак во позитивен.
Со конструктивната критика можеме да ја подобриме својата работа. Најдобро се учи на истите грешки. На пример, претпоставениот ќе ни упати критика: „Благодарам за извештајот, гледам дека си вложил/а голем труд. Меѓутоа, мислам дека би можел/а да го подобриш со малку повеќе текст и повеќе статистички податоци“.
Според Катерина Наумовска-Ристовска, најважно е како да го претвориме негативното во позитивно, односно мораме да ја разбереме критиката. Треба да бидеме поаналитични кон она што сме го направиле, бидејќи можеби и навистина сме можеле подобро да го сработиме. Треба да прашаме што конкретно не е квалитетно направено и зошто. Ако не добиеме повратна информација, едноставно би требале да ја игнорираме критиката и да сметаме дека сме постапиле исправно. 
Дури и најпознатите и најталентираните работници добиваат понекогаш негативен фидбек за нивната работа. Некои од негативните критики се навистина на место, дури понекогаш и сами ја воочуваме грешката, други се пресубјективни, а трети дури и навредливи по самата личност. Кога добиваме критика, без разлика дали негативна или позитивна, најбитно е да останеме до крај професионалци.
Крајниот чекор е спроведување на договорените подобрувања на дело. Не смееме да заборавиме да и’ се обратиме на личноста која прва ни упати критики за да провериме дали истата е задоволна со нашата работа.


Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има  со домашните и со странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери.


Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права