15.11.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:Попис и усогласување на состојбите со осврт на срамнување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и изворите и преглед на даночниот третман

15.11.2018 (Семинар)
МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

Бизнис-настани

09.11.2018 - 09.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

ГЕЈМИФИКАЦИЈА ВО БИЗНИСОТ: ПРИМЕНА НА КОНЦЕПТ НА ИГРИ ВО ВНАТРЕШНАТА И НАДВОРЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА


Еднодневен семинар:

ГЕЈМИФИКАЦИЈА ВО БИЗНИСОТ: ПРИМЕНА НА КОНЦЕПТ НА ИГРИ ВО ВНАТРЕШНАТА И НАДВОРЕШНАТА КОМУНИКАЦИЈА

9.11.2018 година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Овој семинар ги обединува маркетинг комуникациите со системот на игри и технологии. Примената на концептот на гејмификација во маркетингот е силно врзан за психолошка реакција, реципроцитетни акции, лојалност, интеракција и фидбек, па оттука и масовната примена последните неколку години особено во областа на маркетингот и продажбата, како и во сегментот на човечките ресурси. Овој феномен е веќе применлив од водечките компании од модната индустрија, спортска облека и опрема, едукација и храна. Засилено значење овој модел добива поради изразената преференција кон игри на генерациите Y и Z. Наменет е за претставници од бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за бенефитите од аплицирањето на концептот на игри во работните, продажните, маркетинг и комуникациски механизми.
 
Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Зошто гејмификација, кои се бенефитите од примената?
- Што точно значи гејмификација?
- Во кој оддел припаѓа оваа дисциплина и кој точно ја работи?
- Примери од светски компании кои ја применуваат гејмификацијата;
- Како се синхронизира маркетинг одделот и стратегијата со концептот на 
  гејмификација?

Програма:

- Гејмификација, механизми и психологија;
- Маркетинг и гејмификација;
- Човечки ресурси и гејмификација;
- Бенефити од гејмификација;
- Медиуми за примена на концепт на гејмификација за комуникација со крајната 
  публика;
- Примери за применета гејмификација;
- Предизвик за смислување на механизам за гејмификација.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации:
 
- Подобрување на интерактивната комуникација на компаниите со своите 
  купувачи;
- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Одлични комуникации со вработените;
- Освежување на ентузијазмот од вработените;
- Подобрување на продажните резултати;
- Зацврстување на позициите на пазарот;
- Подобро планирање и контрола врз реализација на кампањите (внатрешни и 
  надворешни);
- Среќни и лојални купувачи и вработени.

Предавач:

-д-р Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микростопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено-одговорна природа насочени кон категоријата загрозени деца од социјален и здравствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одоворност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидисциплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-  работен материјал;
-  ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 7.11.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права