ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
15.03.2019 👁 Прочитано: 1968

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА


Елена Милевска Штрбевска

м-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Холдингот, како облик на поврзување на повеќе трговски друштва, преку учество во основниот капитал или содружничките удели, станува се поактуелна потреба и предизвик и во македонската регулатива и практика.

Причината за тоа е се поголемиот број компании кои се поврзани по пат на хоризонтална или вертикална интеграција,  кои, иако се независни правни субјекти, односно самостојни правни лица, имаат потреба од групирање, односно дејствување и како група на друштва. 

Теоретски, македонското право на друштвата е засновано врз два постулата: првиот е независноста на друштвата, односно нивното дејствување како самостојни правни субјекти во правниот промет, наспроти вториот постулат -  хомогенизацијата на групата, односно економската потреба за што поголема концентрација, односно дејствување на групата на друштва како целина.

Поврзаните друштва во Македонија се регулирани на одреден начин во Законот за трговски друштва, со тоа што терминот холдинг сеуште не наоѓа своја експлицитна примена во македонското законодавство. Терминолошкото усогласување и доуредување е секако првото прашање што треба да се регулира, и тоа веќе беше накратко елаборирано во претходните неделни коментари.

Она што е од интерес за бизнис-заедницата е уште едно суштествено прашање, а тоа е даночниот режим на холдингот во Македонија.

Со создавањето на групата на друштва на повеќето друштва им се овозможува единствено управување, а се создава и можноста за поголема флексибилност и мобилност на човечките ресурси и капиталот, во рамките на самата група на друштва. Интересот на групата, што го сочинува холдингот, од економски, менаџерски и правен аспект, ги заменува интересите на поединечните друштва што го сочинуваат холдингот. Со тоа, политиката на секое друштво е во целост инкорпорирана во политиката на целата група и е фокусирана кон реализацијата на една заедничка цел.

Стопанската комора на Македонија, согласно предлозите и искуствата на своите членки, а имајќи ги предвид и компаративно-правните решенија од опкружувањето и од земјите-членки на ЕУ, оценува дека сега е вистинскиот момент да се отвори расправа и да се разгледаат можностите за уредување посебен даночен режим за холдинг-друштвата во законите со кои се регулира оданочувањето, при што уредувањето на овој режим се предлага за своја почетна основа да ги има можностите за ослободување од оданочување на дивидендите кои фирмата-ќерка ги исплаќа во холдинг-компанијата, како и на приходот што холдинг-компанијата го остварува при продажба на учество/удел во фирмата-ќерка. Бизнис-заедницата, исто така, предлага, да се создаде законска основа да може распределбата на добивката од работењето од тековната година на фирмата-ќерка која е основана со определен поголем процент на учество од холдинг компанијата (владејачкото друштво), да се евидентира и објави во годишната сметка на холдинг компанијата (владејачкото друштво) во истата година.

Даночната консолидација, односно уредувањето на можноста трговските друштва кои се поврзани во холдинг-компанијата да може да поднесуваат консолидиран даночен биланс е прашање кое во блиска иднина би требало да биде уредено со Законот за данокот на добивка. Вакви примери постојат во голем број европски држави, како што се Франција, Германија, Австрија, Полска, Шпанија, Холандија и други, како современи законски решенија, кои овозможуваат поголема ефикасност, следливост и постигнување подобри деловни резултати на компаниите во рамките на холдингот.

Притоа, за поздравување се донесените измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка од декември 2018 година, со кои се создаде законска основа салдото на трансферираните парични средства кои по својата економска суштина се заеми, во рамки на холдингот, да не влегуваат во даночната основа при сочинување на даночниот биланс за финансиската година. Ова, исто така, беше едно од барањата на Стопанската комора на Македонија, поврзано со даночниот режим на холдинг друштвата, кое е прифатено и уредено со законското решение (односно прифатено е решение според кое даночната основа се намалува за износот на наплатените побарувања и вратените парични средства кои по својата економска суштина се заеми, без оглед дали се во рамки на холдинг или не, кои во претходни даночни периоди имале третман на непризнаен расход).

Компаративните согледувања за функционирањето на холдингот покажуваат дека доколку се усвојат наведените барања и предлози на бизнис-заедницата, заради постигнување на подобри деловни резултати, ќе придонесат за унапредување на работењето на деловните субјекти во земјата, што ќе обезбеди понатамошен економски раст во наредниот период.

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ