ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
29.03.2019 👁 Прочитано: 2043

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?


Елена Милевска Штрбевска

м-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

 

Регионален арбитражен суд – одговор на неефикасниот правосуден систем во регионот

Еден од најмаркантните настани што оваа недела се одржува во Стопанската комора на Македонија е Меѓународната арбитражна конференција, со реномирани домашни и странски експерти од областа на арбитражното право и постапки, од чии излагања можевме да се увериме дека овој алтернативен метод за решавање на споровите меѓу деловните субјекти има многу предности, кои во голема мера можат да придонесат за пократко траење и ефикасно завршување на споровите меѓу деловните субјекти, не доведувајќи ги притоа во прашање непристрасноста, објективноста и стручноста во одлучувањето, туку, напротив, издигнувајќи ги на уште повисоко ниво. Токму затоа, не е случајност што на глобално ниво, арбитражата во бизнис-круговите е еден од најпреферираните методи за решавање на деловните спорови. Во таа насока, ова само ни потврдува дека решение за решавање на проблемот со долгите и неефикасни судски постапки во државава, но и во регионот, е токму ориентирањето кон што поголема промоција и користење на арбитражниот начин на решавање на споровите, особено стопанските спорови. Но, за тоа е неопходно подигнување на јавната свест дека традиционалните начини на решавање на споровите преку суд не се секогаш најдоброто решение, туку напротив, светските трендови покажуваат се` поголемо користење на алтернативните методи за решавање на споровите меѓу деловните субјекти, како што е арбитражата.

Зошто? Еве конкретен пример:

Статистичките податоци од работењето на Арбитражата покажуваат дека во земјава речиси подеднакво се поведуваат арбитражни постапки со и без меѓународен елемент. Во изминатите две години, 54% од постапките поведени пред Постојаниот избран суд - Арбитража биле спорови со меѓународен елемент, додека пак 46% биле внатрешни спорови. При тоа, просечното времетраење на постапките кои се водат пред Постојаниот избран суд - Арбитража постојано се намалува - и во 2018 година просечното времетраење на арбитражните постапки беше 186 дена, односно приближно шест месеци.

Наспроти тоа, едно неодамнешно истражување за ефикасноста на домашните судови покажало дека над 70 отсто од судовите имаат случаи на одржани повеќе од десет рочишта по предмет, каде што поголем дел биле одложување поради причини од процесна природа, што влијае и на трошоците и на должината на постапките.

Значи, реално постои потенцијал за подобрување на состојбите, што ќе се постигне не само со подобрување на транспарентноста и ефикасноста на судовите, туку и преку јакнење на свеста за користење на алтернативните методи за решавање на споровите и ориентирање кон што поголемо користење на арбитражата, поради поедноставната и флексибилна постапка, брзината на одлучувањето, помали вкупни трошоци, едностепеност, поголема автономија на волјата на странките (во делот на именување на арбитрите, јазикот и местото на арбитражата и слично), олеснет режим на признавање и извршување на донесените арбитражни одлуки во странство (Конвенцијата за признавањето и извршувањето на странските арбитражни одлуки потпишана на 10 јуни 1958 година во Њујорк ја имаат прифатено повеќе од 140 земји) и слично.

Имајќи предвид дека еден од горливите проблеми во земјите од регионот е проблемот со правосудството, односно долгите спорови пред националните судови, недовербата во судството заради најразлични причини, се чини оправдано покренувањето на прашањето за воспоставување заеднички регионален арбитражен суд, кој ќе биде надлежен за решавање на споровите меѓу деловните субјекти од регионот, но и пошироко, како една регионална институција, која би можела во голема мера да придонесе за решавање на меѓусебните стопански спорови на деловните субјекти на побрз и поефикасен начин, а со тоа и решавање на проблемот со спорите судски постапки во сите земји од регионот.

Зошто токму регионална арбитража е вистинското решение?

Затоа што во психологијата на деловниот свет се битни неколку аспекти кои даваат одговор на ова прашање, а тоа се следните:

- постоењето иста или слична правна традиција во земјите од регионот;
- можноста за користење на „заеднички јазик“, наместо преферирањето да се користи неутрален јазик (англиски, француски и слично), што би придонел за заштеда на време и трошоци и зголемување на брзината на постапката;
- можноста за полесно разбирање на арбитражните правила на регионалните арбитражи во споредба со големите арбитражни судови кои често се пресложени и софистицирани или не се приспособени на решавањето на „помалите случаи“.
 
Бизнис секторот е динамичен. И затоа, мојата порака кон нашите компании членки  гласи вака:

-Не дозволувајте да потпаднете во вртлозите на спори и неефикасни постапки исполнети со многубројни непотребни трошоци! Изберете ги своите арбитри и дозволете Вашиот спор да го реши арбитражата!

А ние, деловните асоцијации од регионот, организирани во рамките на Коморскиот инвестициски форум, не застануваме овде, туку ќе направиме се`, со цел иницијативата за воспоставување на Регионалниот арбитражен суд да го види светлото на денот!

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ