ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
19.04.2019 👁 Прочитано: 2147

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ



Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Искусните лидери - визионери во деловниот свет се свесни дека моменталниот успех и остварувањето добри резултати во работењето можат да бидат краткорочни, доколку не се развие одредена стратегија за развој. На пазарот мора и да се опстане. Во таа смисла, општествено одговорното работење станува долгорочна, конкурентска предност и услов за опстојување на пазарот, како за големите, така и за малите и средните компании . Затоа, воопшто не е чудно што современите поими од практиката на корпоративното работење, како што се: општествено корисно работење, корпоративна совест, општествени перформанси, одговорно и одржливо работење и други, стануваат дел од стратегијата за корпоративно управување на компаниите.

Ако ги земеме како пример компаниите „Алкалоид“ АД - Скопје, „ЕВН Македонија“ АД - Скопје, „Шпаркасе банка Македонија“ АД - Скопје, „Бетон“ АД - Скопје, „Гранит“ АД - Скопје, „ИГМ Трејд“ АД - Кавадарци, „Витаминка“ АД - Прилеп, НЛБ Банка АД - Скопје од каде што доаѓаат потпретседателите на Стопанската комора на Македонија, ќе видиме дека станува збор на компании кај кои корпоративната општествена одговорност претставува нераскинлив дел од нивното работење, нешто по што секој граѓанин ги препознава.

Корпоративната општествена одговорност на „ Алкалоид“ АД - Скопје претставува главен приоритет во оперативната агенда, која вклучува поддршка на талентирани студенти по фармација и медицина, традиционалните хуманитарни акции за опремување Детската клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - Скопје, поддршката во ракометот и други спортови, културата и слично.

Такви се и активностите на „ЕВН Македонија“ за подигање на свеста за разумно користење на електричната енергија, заштита на птиците кои имаат живеалишта на електричната мрежа, отстранување опасни материјали од трансформаторските станици, поддршка на настани поврзани со македонската традиција, инвестирање во промоцијата на спортот и здравјето итн.

„Шпаркасе банка Македонија“ низ повеќегодишната традиција ја унапредува сопствената стратегија за корпоративна општествена одговорност, која се развива во рамките на „SPARKASSE LIFE“ платформата, преку поддршка во повеќе сегменти: локална заедница, култура, образование, здравство, спорт, преку кои Банката создава дополнителни вредности за клиентите, вработените, здруженијата, локалната заедница и за заштита на животната средина.

НЛБ Банка АД - Скопје, исто така, е активно вклучена во поддршката на проекти и иницијативи кои придонесуваат кон развојот на спортот, културата, хуманитарната дејност и образованието во земјава, а целите и начелата за општествено корисно работење се интегрирани во деловната политика и стратегијата на Банката. Истото се однесува и за „ИГМ Трејд“, „Гранит“ и „Бетон“, кои, преку бројните општествено корисни активности за заштита на животната средина, справувањето со отпадот и бројните спонзорства и донации во јавните дејности придонесуваат за унапредување и подобрување на целокупниот квалитет на животот во поширокото окружување во кое работат.

Концептот на општествено одговорно работење не е само минлива работа, туку императив во деловниот свет кој сите компании, порано или подоцна, ќе мораат да го прифатат доколку сакаат да го задржат и унапредат своето место на деловната сцена. Со таквото работење, во голема мера се придонесува и за намалување на митото и корупцијата, се учествува во градењето на јавната политика, се влијае кон придржување на важечките прописи, почитување на човековите права и етичките норми.

Доколку секој од нас даде по еден дел од нештото, веројатноста дека ќе се реши одреден проблем е многу поголема отколку тоа да го направиме сами. Општествено корисните активности на компаниите го потврдуваат тоа и во практиката, придонесувајќи активно кон подобрување на севкупното живеење и на поединците, и на семејствата и на пошироката општествена средина.

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ