ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
28.06.2019 👁 Прочитано: 955

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА


Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Несомнен е придонесот на Стопанската комора на Македонија во вкупниот економски живот и во профилирањето на економскиот амбиент во државата. Таа била, е и ќе биде место каде се обединуваат и застапуваат интересите на стопанствениците, каде се презентираат и соочуваат нивните согледувања и проекти и каде се предлагаат и се изнаоѓаат решенија на прашањата и проблемите кои се неизбежни во деловното работење. Стопанската комора истовремено е активен партнер на Владата, со цел подобрување и развој на условите за стопанисување и конкурентноста на македонското стопанство, како еден од предусловите за стабилност на општеството.

Ставовите и предлозите на бизнис-заедницата се базираат на нови идеи и иницијативи, можности и афирмирање на веќе докажаните и ефикасни решенија. Оваа значајна улога на Комората и нејзиното место во економскиот систем на државата се потпира врз нејзината стручност, оперативност, креативност и аргументираност за сите прашања од интерес на стопанството.

Застапувајќи ги заедничките интереси на членовите, Комората придонесува за подобрување на ефикасноста на работата и работењето на членовите и нивната организираност. Комората ги застапува интересите на своите компании-членки пред надлежните државни органи и институции, посебно во подготвувањето на стопанското законодавство, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдувањето на макроекономската и развојната политика, а подготвува и иницијативи за подготовки на законски и други прописи од областа на стопанството.

Ова, во суштина значи дека Комората не е само пасивен партнер на државната власт, чекајќи да биде консултирана за прописите што се од значење за стопанството, туку таа има проактивна улога, предлагајќи иницијативи за донесување или менување на прописите , со цел да се отстранат определени правни празнини или недоречености, кои создаваат проблем во практичната имплементација на регулативата, или пак да се уредат одредени прашања кои се од значење за подобрување на деловното работење.

Во таа насока, би ги споменала Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за законско нормирање на холдингот , како форма за поврзување на компаниите за подобри деловни резултати (која се` уште не е прифатена, но се очекува да биде предмет на уредување при следните измени на Законот за трговски друштва, најавени за 2020 година); Иницијативата за воспоставување даночен календар, како временска рамка за измени во даночната регулатива која Комората ќе ја поднесе по заокружување на процесот на реконструкција на Владата; Систематизираните предлози за проблемите и прашањата од областа на градежништвото, кои опфаќаат неколку клучни закони како што се Законот за градење, Законот за градежни производи, Законот за просторно и урбанистичко планирање, подзаконската регулатива околу стандардите и нормативите за градење, на кои интензивно се работи во моментов со надлежните министерства; Предлозите во врска со Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи , како веќе завршен проект со позитивно искуство и прифатен голем број предлози од компаниите од оваа индустрија; Иницијативата за уредување на даночниот третман на кусоците во трговијата на мало и многу други иницијативи и предлози, чија реализација би довела до подобрување во деловното работење на компаниите-членки.

Вообичаено процесот на консултации околу предложените иницијативи со надлежните министерства, како овластени предлагачи на законите, се спроведува подолг период, често пати трае и неколку години, но целта е таквиот процес да се заврши со успех и да се создаде трајна и квалитетна регулатива, а со тоа да се зајакне правната сигурност и да се создаде предвидливо бизнис опкружување. Ова е од причина што честото менување на прописите, поради неприменливи законски решенија, доведува до проблеми во имплементацијата на прописите, а со тоа и одолговлекување во спроведувањето на она што е нормирано, што негативно влијае врз перцепцијата на потенцијалните инвеститори и претприемачите, кои очекуваат стабилност, предвидливост и квалитетна регулатива, која нема да биде подложна на чести промени.

Секако, не може да се очекува дека секоја иницијатива на бизнис-заедницата би била усвоена во целост и покрај фактот што се настојува предлозите да бидат добро образложени и поткрепени со компаративни анализи, но сепак, јасно е дека покрај интересите на бизнис-заедницата, постојат и други причини поради кои одредени иницијативи остануваат нереализирани или се пролонгираат, а тоа најчесто се случува поради финансиските импликации кои би настанале со прифаќањето на определени предлози, бавноста на администрацијата, потребата од усогласување со други прописи кои повлекуваат и нивни измени, противречните интереси на различни засегнати страни (често и на два различни стопански сектора) и слично. Но, исто така, факт е дека улогата на Стопанската комора на Македонија, како бизнис-асоцијација е да биде активен партнер во создавањето квалитетна и применлива правна регулатива, а тоа не може да се реализира без истрајност во визиите и упорност во барањата и иницијативите!

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ