ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
10.06.2019 👁 Прочитано: 1504

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ИЗВОЗНИ И КОМПАНИИ КОИ СТИМУЛИРААТ РАСТ


ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ИЗВОЗНИ И КОМПАНИИ КОИ СТИМУЛИРААТ РАСТ Панел дискусијата на м-р Мирјана Ковачевиќ, раководител на Центарот за едукација, дуално образование и образовни политики при Стопанската комора на Србија. М-р Мирјана Ковачевиќ на трибината - „Предизвици за подобрување на дуалното образование - идни чекори“  6 јуни 2019 година, говореше во кои се сектори и дејности треба да се воведе дуалното образование, за да има долгорочен позитивен ефект на домашната економија и стопанството во целина.  

Би сакала да ви посочам дека мерките што ги преземавме во Србија и нашето учество како Стопанската комора не беа толку радикални. Многу е важно бизнис секторот да стои позади вакавата активност и да го насочи вниманието кон квалитетно образование, преземајќи чекор по чекор кон создавање на бараните профили. Со подршка на партнерите од Швајцарија, Астрија, Германија кои ќе помогнат да се развиваат тие профили, стопанствениците ќе учествуваат во креирање на планот за учење преку работа. Она што е најбитно е дека стопанствениците учествуваат и преку промовирање на тие профили каде ќе се види фактот кој стои односно кој го обучил тој профил или во други црти во кои компании се реализира дуалното образование, тоа е тоа што ќе ги привлече учениците кон тие поволности и услови и кај која компанија да се обратат.

Она што е значајно е дека ученици кои веќе го применуваат дуалниот систем ќе ја пренесат информација на други ученици. Во такви ситуации, веста се пренесува од едно на друго дете и можноста за приклучување и предизвикување интерес кај другите деца е многу голема кои многу олесно на овој начин може да сватат дека не е срамота да се работи во производството.

Истовреме многу важно е како држава да се фокусирате на занимањата кои се врзани со извозниот сектор, за оној дел на стопанството кој извезува или за оној дел на стопанството кој со најголем процент учествува во креирање на економскиот раст и развој на државно ниво.

Иако ви недостасуваат различни видови профили на занимања и професии, важно е да знаете дека има и такви кои не треба да бидат предмет на дуално образование. Како пример го посочувам возач на моторни возила. Тоа не е кадар за дуално образование и не треба да се фокусираме на такви заимања како и на козметичари, фризери и останати.

Значи приоритет ви се секторите кои извезуваат и секторите кои највеќе допринесуваат кон индустрискиот раст, а во тој дел најголема улога за препознавање на секторите има Комората.

Во Србија веќе сме во постапка за воспоставување инфраструктура, во фаза сме на операционализација на моделто на дуално образование и можам слободна да кажам дека има многу проблеми и предизвици. Но она што е клучно е дека донесовме и Закон за дулано образование и имаме 850 стопанственици кои ќе постапуваат по Законот, постојат дури и одредени казни за непостапување по одредени одредби и ние мораме да бидеме тука и да им помогнеме.  Министерството за образование е надлежно за применување на Законот, но Комората е таа што во пракса ќе го спорведува Законот.

Комората исто така треба да помага во комуникација со сите инволвирани  министерства, не само со министерството за образование надлежно и вклучено во дуалното образование. Ние имаме Закон за дуално образование и интерни коморски акти но сеуште гледаме што треба да се менува, а што ќе се менува ќе биде познато откога ќе почне примената на дуалното образование од септември 2019 година.

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ИЗВОЗНИ И КОМПАНИИ КОИ СТИМУЛИРААТ РАСТ