ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
25.06.2019 👁 Прочитано: 658

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ


Регионалната комора со седиште во Штип потпиша Меморандум за соработка  со Општина Свети Николе, кој предвидува размена на информации од  заеднички интерес, учество во изработка на апликации и соработка во проекти,  решавање на клучни прашања од значење за бизнис секторот, поголема иницијативност и организираност, со еден нов модерен пристап и значителен придонес на Општината во унапредувањето на бизнисот на локално ниво.  Градоначалникот на Општина Свети Николе, м-р Сашо Велковски и претседателот на Регионалната комора со седиште во Штип, Наум Барзов, заеднички констатираа дека во наредниот период ќе се работи поактивно на зајакнување на односите со сите целни групи и здруженија во општината и во регионот, со единствена цел за подобрување на условите за живот за граѓаните и заедно со Регионалната комора со седиште во Штип - решавање на отворени прашања од локално и регионално ниво, со директно вклучување на претставници на Комората во активностите, особено во делот на Локалниот економски развој.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Во рамките на седницата на Регионалната комора со седиште во Штип  беше реализирана и презентација на моделот на Факторингот. Пред присутните се обрати Ловре Ристевски, директор на Проектот на УСАИД за факторинг, кој посочи дека преку овој инструмент се има за цел да им се помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски продукти. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите.

Експертот за Факторинг, Димитар Ангелкоски, ги запозна присутните со значењето на факторингот, начинот на кој тој функционира и кои се придобивките од истиот. Ангелкоски истакна дека Проектот за факторинг обезбедува техничка помош и имплементира опсег на активности преку три компоненти: подигање на свеста и значењето на малите и средни претпријатија за алтернативните финансиски можности, имплементација на правната регулатива за факторинг и финансиска едукација за малите и средни претпријатија.

Пред присутните стопанственици и присутни лица презентација имаше и Дарко Стефановски од Македонската банка за поддршка и развој, во делот на осигурувањето. Притоа, тој истакна дека факторингот е услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.

Моника Стоичева