28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

31.07.2017


Актуелно  

ПОДДРШКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП ВО КОМПАНИИТЕ


Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ заеднички го реализираат ЕУ-Проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“, кој е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА и е финансиран од Европската комисија преку Министерството за финансии на Република Македонија.

-Цел на денешната прес-конференцијата е да ги запознаеме фирмите и институциите за можностите кои ги имаат во рамките на овој Проект преку  Центарот за вработување на лица со хендикеп, достапната поддршка и финансии за вработување на лица со хендикеп.  Проектот има двојна мисија - од една страна да ги  подготви  лицата со хендикеп со потребните знаења и вештини, образование и  квалификации за нивна целосна интеграција во општеството и воедно поддршка на компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во нивните работни процеси, зголемување на нивната корпоративна одговорност со зголемување на свеста за лицата со хендикеп кои еднакво придонесуваат во работните процеси, како и останатите вработени, истакна Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.

 

-Лицата со хендикеп се` уште најмногу се вработуваат во мануфактурните дејности и се на некој начин дискриминирани во однос на образованието. Сакаме да го зголемиме нивниот број во приватниот сектор, но фокусирани сме и на јавните институции. Притоа, сакаме да ја потенцираме и потребата од нивно квалитетно образование како клучно за достоинствено вработување, истакна  Томислав Ортаковски, програмски раководител во „Полио плус“.

Новоформираниот Центар за вработување на лица со хендикеп претставува иновативно решение кое цели да ја унапреди и да ја зајакне вработливоста на лицата со хендикеп паралелно работејќи и со институциите и компаниите од отворениот пазар на труд, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.

Особено битни активности на Центарот е програмата за волонтирање на лицата со хендикеп во која, апелираме, приватниот сектор повеќе да се вклучи, како и бизнис програмата која предвидува поддршка за компаниите од аспект на нивна обука, советувања, како да ги подобрат условите и да ги направат посоодветни за лицата со хендикеп, - посочи Аризанковска.

Центарот за вработување на лица со хендикеп нуди различни програми наменети за индивидуалните потреби на лицата со хендикеп:
1. Програма за подготовка за вработување – преку изучување на јазици, компјутери, и вештини стекнати со серија на обуки;
2. Програма за поддршка при наоѓање работа – зголемувајќи ја самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп;
3. Програма за претприемништво – развивање на капацитети  и поддршка на самовработување на лицата со хендикеп;
4. Програма за волонтерство – стекнување практични знаења и вештини во  партнерските компании, но и во самиот Центар и
5. Бизнис програма – преку оваа програма ќе се таргетираат компаниите кои се спремни и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Ќе се настојува да се  отворат сите работни процеси за лицата со хендикеп во заинтересираните компании, затоа што сме свесни дека колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е и битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп.

Центарот за вработување на лица со хендикеп е лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, а сите активности паралелно се изведуваат од страна на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус“.

Јадранка Аризанковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права