ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
23.05.2019 👁 Прочитано: 2340

БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ЦРНОГОРСКИ БИЗНИСМЕНИ ВО ЦРНА ГОРА


Бизнис делегација предводена од Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески учествува на бизнис форумот во Подгорица со цел унапредување на економските односи помеѓу двете земји.

Акцент на форумот ќе биде ставен на можностите за поттикнување и продлабочување на соработката помеѓу двете земји, која е на сеуште ниско ниво согласно потенцијалот. Форум треба да го поттикне бизнис секторот да предложи заеднички мерки и активности, да ги утврди приоритетите на тој план и со соодветно ангажирање на владите од двете земји истите побрзо да се реализираат. Бизнис делегацијата од нашата земја ја сочинуваат преставници од повеќе индустриски сектори, прехранбениот, градежниот, машинскиот сектор.

Вкупниот македонски извоз во периодот од 2007-2018 година изнесува 371 милиони САД$, додека пак вкупниот реализиран увоз од Црна Гора изнесува 42 милиони САД$ и со тоа вкупната трговска размена за целиот период изнесувала околу 413 милиони САД$.

Стопанските комори од двете земји се активни членки на Коморскиот инвестициски форум чии активности се насочени кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот со поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, но и пошироко, преку зголемена регионална економска соработка, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање агенда за дигитална интеграција. 

Даниела Михајловска Василевска