28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

12.04.2018 - 12.04.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ


Eднодневен семинар:

ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

12 април 2018 година (четврток)
10:00 - 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат


            Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека во 2018 година 100% ќе бидат електронски јавни набавки, а голем број понудувачи се` уште не се подготвени за учество, односно не ги познаваат доволно можностите и предностите што ги нуди (ЕСЈН) - регистрација, поставување прашања пред јавно отворање, електронско поднесување на понудите, учество на е-аукција /конечна цена, дигитално потпишување, документи за докажување на лична состојба - „Тендерско досие“,  поврзување со Централниот регистар на РМ, анализа на ОТВОРЕНИ податоци, пребарување и слично.

          На семинарот ќе бидат презентирани и некои од новините кои се однесуваат на областа на е-набавките, а кои се предложени во Нацрт-законот за јавни набавки, како што се: концепт на е-пазар за набавки од мала вредност и е-каталози; објава на е-план за измени/дополнувања; новиот концепт на економски најповолна понуда; е-жалба; пристап до сите понуди на конкретен тендер и останати теми.
 
          Семинарот ќе се реализира на 12 април 2018 година (четврток), од 10:00-16:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на V кат. На семинарот за сите учесници ќе биде обезбеден водичот: „Е-ЈАВНИ НАБАВКИ: ПОДГОТВИ СЕ!“ во кој на едноставен начин се објаснети сите модули, чекори и алатки за правилно користење на ЕСЈН, учеството на електронски јавни набавки.

Програма на семинарот:

- Предности од електронски постапки за јавни набавки и на што да се ВНИМАВА!!!;
- Новини и предлози во новиот закон за јавни набавки;
- Насоки за подготовка на електронски понуди;
- Пребарување на објавени тендери и договори;
- Електронски систем за јавни набавки – корисни алатки и е-аукции/конечна цена;
- Дигитални потписи и начин на аплицирање;
- Најчести грешки

На семинарот ќе се разгледува најактуелната тема за е-јавни набавки, и тоа:

- Како да ги користите бенефитите од ЕСЈН;
- Најбрзо да дознаете за новите тендери и преглед на ТД без регистрација;
- Успешна подготвка и поднесување на  електронска понуда;
- Е-тендерско досие / Профил на економски оператор;
- Објава на тендери од меѓународни институции;
- Правилно користење на дигитални сертификати.

Новини кои ќе произлезат од новиот Нацрт-закон за јавните набавки:

- Објавување на е-план за јавни набавки и придобивките на економските оператори од оваа алатка;
- Концепт на е-пазар и набавки од мала вредност;
- Можности за користење на е-каталози;
- Пристап до целата документација од постапката во рокот за жалба;
- Имплементација на електронска жалба;
- Објава на договорите за јавни набавки и реализација на истите.

 Семинарот и Водичот „е-Јавни набавки: Подготви се!“ е наменет за ...

... сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за:
-   лицата кои ги подготвуваат и поднесуваат понудите;
-   менаџментот кој одлучува за содржината на понудите;
-   како и за договорните органи кои од друга страна се заинтересирани за добивање на „најдобра вредност за парите“ при набавката на стоки, услуги и работи.

      

Предавачи:
- Марија Јовановска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија.

Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 
- примерок од водичот  „Е-Јавни набавки: Подготви се!“
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 6.4.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права