20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

16.08.2017 - 16.08.2017


Форум Горња Радгона,  Словенија

12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија



„12. AGRI-TRADE “ФОРУМ
МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА И НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА (16+1)

24-26 август 2017 година
Горња Радгона, Р. Словенија

     Стопанската комoра на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, Ве покануваат да бидете дел од овогодинешниот „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина, којшто претставува еден од најзначајните настани во областа на земјоделието во рамки на Иницијативата 16+1.


     Настанот се одржува секоја година во различна држава на високо политичко и министерско ниво, а на овогодинешниот настан се очекува учество да земат политички и бизнис делегации од сите земји од Централна и Источна Европа (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Латвија, Литванија, Македонија, Полска, Словачка, Словенија, Србија и НР Кина).


     Политичкиот дел од настанот ќе се одржи на 25 август 2017 година, петок во Брдо при Крању, Р. Словенија каде што министрите од земјите од Централна и Источна Европа и Кина ќе бидат дел од Министерската Конференција на тема „Важноста на синџирите за снабдување со прехранбени производи на локално и глобално ниво“. По завршувањето на Конференцијата делегациите од земјите учеснички ќе остварат и билатерални средби.


     Настанот ќе продолжи и наредниот ден на 26 август 2017 година, сабота со свеченото отворање на 55. Интернационален саем за земјоделие и прехрана-АГРА, којшто ќе се одржува во Горња Радгона, Р. Словенија, а во чии рамки ќе се одржи и „12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина.

    Оваа година земјите  од Централна и Источна Европа ќе имаат можност да ги презентираат своите потенцијали на Националните павиљони, при што посебен акцент ќе биде ставен на НР Кина како партнерска земја во Иницијативата 16+1. Во попладневните часови ќе се одржи и Бизнис Конференција на земјите од Централна и Источна Европа на којашто сите излагачи и бизнисмени од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии се поканети да земат учество. Бизнис Коференцијата претставува одлична можност за вмрежување и размена на информации и искуства со претставниците од дадените индустрии.

Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите заинтересирани компании од областа на земјоделството, прехранбениот сектор и комплементарните индустрии да земат учество на Бизнис Конференцијата, којашто ќе се одржува на 26 август 2017 година, сабота од 15:00 до 18:00 часот во хала 1 на саемот АГРА во Горња Радгона.

     Сите заинтересирани компании учеството на претстојниот Форум можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 10 јули 2017 година. Работен јазик на Форумот е англиски.

За подетални информации во врска со настанот, Ве молиме контактирајте со:
- Сања Николова
телефон:+ 389 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk  


Во прилог:
- Нацрт агенда- 26.08.2017;
- Пријавен лист (на англиски јазик). 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права