26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

19.06.2018 (Бизнис средби)
„ЕНЕГРА 2018“

07.11.2018 (Бизнис средби)
ЈИЕ ИТ САМИТ

Бизнис-настани

30.11.2017 - 30.11.2017


Бизнис средби хотел Александар Палас, Скопје ,  Македонија

БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ


БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

30 НОЕМВРИ 2017 ГОДИНА (четврток), 10:00 часот
ХОТЕЛ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ - Скопје (Конгресна сала 1)
    
          

Почитувани,

Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори Ве покануваат да учествувате на Бизнис форумот и билатералните деловни средби меѓу странските инвеститори и домашните компании коишто имаат потенцијал да станат нивни локални добавувачи.

Оваа активност на деловно поврзување е во согласност со заложбите на Стопанската комора на Македонија, со  Програмата на Советот на странски инвеститори, како и со приоритетите на Владата на Република Македонија за поддршка на ваквиот тип на соработка со цел поинклузивна и поинтегрирана економија.

Во таа насока, во рамките на првиот дел на Бизнис форумот, за можностите и бенефитите од соработката на странските со домашните компании, ќе говорат високи претставници од Владата на Република Македонија, претставници на Стопанската комора на Македонија и на Советот на странските инвеститори.  На настанот своето учество го потврди проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори (во прилог: Програма, пријавен листи список на пријавени компании).

Пред присутните домашни добавувачи странски инвеститор ќе изврши кратка презентација на студија на случај на набавки, при што ќе бидат идентификувани критериумите и условите коишто треба да се исполнат од страна на домашните компании за да станат локални  партнери на странските инвеститори. 

Во вториот дел на настанот, регистрираните компании ќе имаат можност да одржат одделни билатерални деловни средби согласно претходно утврден распоред на време и место на средбите.  

Бизнис форумот и билатералните деловни средби ќе се одржат на 30 ноември 2017 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ - Скопје (Конгресна сала 1)              

Ве молиме, потврдете го вашето учество најдоцна до  24 ноември 2017 година.
Контакт: м-р Сања Николова, телефон: 02/3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk .

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права