Бизнис-настани

27.02.2018 - 01.03.2018


Бизнис средби Штутгарт,  Германија

Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“


ПОКАНА
Меѓународни деловни средби
„R + T 2018“
27 февруари - 1 март 2018 година, Штутгарт, Германија
https://www.b2match.eu/RT-2018


Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Германија
 – Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да присуствувате на Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали, што се организираат во рамките на Саемот „R + T 2018“ што ќе се одржи од 27 февруари - 1 март 2018 година, во Штутгарт, СР Германија.

„R + T 2018“ е водечки светски саем за ролетни, врати, системи за заштита од сонце, противпожарни врати и опрема за безбедност.
Овој настан е отворен за сите регистрирани учесници на Конференцијата  (https://www.b2match.eu/RT-2018) и тоа за:
 
 - производители и трговци со ролетни и додатоци за ролетни и за прозорци; опрема за прозорци, тенди, надворешни венецијански ролетни, внатрешна заштита од сонце, врати,  скари и огради, текстил и текстилна конструкција.
 
 Зошто да учествувате?
Имате можност да пронајдете партнери за соработка, нови клиенти, добавувачи, да иницирате можности за прекугранична соработка, да се презентиратe, да се дискутираат и развијат нови идеи за проекти на меѓународно ниво.
 
Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате најдоцна до 27 февруари 2018 година на следниот линк: https://www.b2match.eu/RT-2018.

Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права