20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

12.09.2017 - 13.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Дводневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ


Дводневен семинар на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ - ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА ТРГОВСКА ОСНОВА

12-13 септември 2017 година (вторник-среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

          Стопанската комора на Македонија на 12-13 септември 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА СЛЕДЕЊЕ НА УЧИНОКОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ - ЧЕКОРИ КОИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОДРЖЛИВ СИСТЕМ НА ТРГОВСКА ОСНОВА“.

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:

Целта на семинарот е запознавање на сопстевниците и менаџерите на организацијата со потребните чекори за воспоставување одржлив систем за работа во организацијата спрема трговските правила - „ ДЕЛИМЕ КОЛКУ ШТО СМЕ ЗАРАБОТИЛЕ“, примена на принципот на ефикасност на сработеното, мерење на учинокот во работењето, одредување на показатели на обемот и квалитетот на работењето, како и зголемување на задоволството на вработените.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ?

Семинарот е наменет за менаџерите, претставниците на раководството кои се вклучени во стратешкото планирање на развојот на организацијата, на менаџментот кој развива општи и посебни цели, вработени кои се задолжени за реализација и известување на текот и реализиција на целите, вработелни лица кои ја следат работата на вработените, вработени во човечки ресурси кои вршат анализа на учинокот на вработените и според тоа даваат предлози за наградување/санкции/прераспределба на вработените.

ПРОГРАМА

Прв ден:
• Воспоставување политика на организацијата врз основа на визија, мисија и стратегија на самата организација:
  - Што е мисијата на организацијата?
  - Што е визија на организацијата?
  - Кои се стратешките правци за развој на организацијата?
• Организациона шема во самата организација:
  - Анализа на барањата/очекувањата од работникот на поставеното   работно место;
  - Опис на работното место со конкретни задолженија, правила и   задачи;
  - Дефинирање на очекувањата од страна на менаџментот од секое   работно место.
• Дефинирање на плаќање на вработените – ЗА и ПРОТИВ:
  - Фиксно;
  - Дел фиксно, дел по учинок;
  - 10% по учинок.
• Таксономија/класификација на трошоците;
• Таксономија/класификација на приходите.

Втор ден:
• Дефинирање на цените на производите/услугите:
  - Производствена цена;
  - Продажна цена.
• Управување со учинокот на производството:
  - Дефинирање на целите на производството (КПИ);
  - Ефективност и ефикасност во производството.
• Управување со учинокот на сервисот:
  - Дефинирање на целите на сервисот (КПИ);
  - Ефективност и ефикасност во производството.
• Управување со учинокот на работници кои не произведуваат:
  - Дефинирање на целите на работници кои не произведуваат.
• Следење на задоволството за вработените - анкета и анализа;
• Унапревување на работниот учинок.

Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Има 15-годишно искуство како директор на логистика во „Застава промет“ - Сомбор, „ГЕНЕЛ бренд Хаусел“ (застапници за „Електролукс“, „Занусси“, „Индесит“), „СТАВ“ (овластени застапници за „Самсунг“) и др. Воедно, тој е акредитиран експерт од страна на „RABQSA“ и „PECB“ за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“, на Централната банка на Босна и Херцеговина, Контрола на летање на Р.Србија и Црна Гора, „Службен весник на Р.Србија“ и др.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 7.9.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права