15.11.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:Попис и усогласување на состојбите со осврт на срамнување на сметководствената со фактичката состојба на средствата и изворите и преглед на даночниот третман

15.11.2018 (Семинар)
МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО РАБОТНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И ФОРУМ СО КОМПАНИИ ОД АГРОСЕКТОРОТ ОД БУГАРИЈА

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.11.2018


Актуелно  

МАРКЕТИНШКА ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА АТРАКТИВНОСТА НА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ


Здружението на металната и електроиндустријата одржа состанок на 7.11.2018 година, на тема: Иницирање предлог-решенија за подигнување на атрактивноста на средното стручно образование во 2019 година, преку активноста во рамките на Проектот „Е4Е“ (образование за вработување).

На состанокот беше истакнато дека овој Проект почна да се имплементира од мај 2018 година, а е поддржан од Швајцарија, од страна на „Хелветас Македонија“, Македонскиот центар за граѓанско образование и Стопанската комора на Македонија. Проектот има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини.

Во следните десет години Проектот ќе овозможи повеќе граѓани, особено младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне во развојот на стручни вештини кои ќе придонесат за зголемување на вработеноста во земјата.  

Генерална оценка за состојбите е дека има сериозни наталожени проблеми. Во услови на задолжителен систем на средно образование, во којшто доминира гимназиското образование, се создава премногу гимназиски кадар.

За да се надмине проблемот со недостаток на квалификувана работна сила и да се обезбеди нормално работење на компаниите, потребно е во иднина да се третираат најмладите лица преку едукативни и информативни сесии, со цел да се привлечат да се запишуваат во средни стручни училишта кои нудат ваков тип на образование, во спротивно, проблемите со кои се соочуваат фирмите денес, во иднина би биле неспоредливо поголеми.

Во друга насока, се смета дека е потребно да се направат поголеми напори во организирање и спроведување обуки за преквалификација и доквалификација на возрасните невработени лица кои имаат несоодветно образование, со цел да  бидат квалификувани за она што се бара на пазарот на трудот, за да им се даде шанса да се обучат и да можат полесно да одговорат на потребите на работодавачите.

Исто така, потребни се нови мерки кои би го подобриле системот на образование, во соработка со средните стручни училишта во државата. Тоа би се постигнало преку заедничка комуникација со училиштата и разменување искуства со компании надвор од Р. Македонија, како и воведување дуално образование. Ваквото образование се покажува како најдобра пракса во повеќе држави од Европската унија, а воедно има и некои обиди да се воведе и кај нас. За да се воведе овој вид на образование, би требало да има поголема активност од страна на образовните институции особено во делот на градење наставни програми и планови, каде што компаниите од металната и електроиндустријата можат да се вклучат во давање стручни совети за занимањата.

Војкан Николовски
Перо Авакумовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права