Семинар / 21.06.2019

KAIZEN – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ

Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат


   


Стопанската комора на Македонија, на 21 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „KAIZEN – ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ“.
Цел на семинарот
Целта на семинарот е пред се` запознавање на учесниците со концептот на KAIZEN работната филозофија. Етимолошки, овој збор доаѓа од два јапонски поими и тоа KAI што во превод значи промена и ZEN што значи добра. Буквален превод би било одржување на состојбата на добро работење, низ континуирана “промена на подобро”, а во пракса тоа би значело константно унапредување, што всушност преставува и најкратката дефиниција за основниот принцип на KAIZEN.
Некои од практичните аспекти од примена на KAIZEN се: според концептот на KAIZEN одржување на постојана/непроменлива  состојба на организацијата воопшто не е добра, бидејќи се` во светот брзо се менува, па оттука секоја организација која сака да опстои, треба да ги следи светските трендови и потреби од постојани промени,  се` со цел одржување и напредок на организација, а  тоа се постигнува со автоматско менување на сите системи кои не функционираат во организацијата, вклучување на вработените во стратешкото креирање и промени во организацијата, изнаоѓање економични извори во тековното работење како и имплементирање на нови стандарди и технологии.
Еден од клучни поими врзан за KAIZEN e GEMBA што во слободен превод значи “на лице место”, а тоа би значело увид на самото место каде што настанал проблемот (магацин, производството или слично), а не решавање на проблемот од канцеларија.

За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа во организацијата и тоа од секторите човечки ресури, производство, логистика, финасии, сите структури на вработени кои се вклучени во оптимизација на процесите и стандардите за квалитет, анализа и планирање и останатите системи за управување во самата организација.
Содржина  на семинарот:
1. KAIZEN – ПОИМ И ЗНАЧЕЊЕ
1.1. Што е KAIZEN концептот?
1.2 .Дефинирање на поимот;
1.3. Историјат;
1.4. KAIZEN  методолошки цели;
1.5. Бенефити од примена на KAIZEN;
2. ПРИНЦИПИ НА KAIZEN
2.1. Основни принципи на KAIZEN;
2.2. Алати и техники на KAIZEN;
2.3. KAIZEN преку TQC;
2.4. KAIZEN расчленување: Муда, Мури, Мура;
2.5. KAIZEN пристап за решавање на проблeми;
2.6. KAIZEN пристап на Систем на постојано подобрување.
3. KAIZEN GEMBA
3.1. Што е ефективност?
3.2. Дефинирање на поимот GEMBA;
3.3. Суштината, причината и целта на KAIZEN GEMBA;
3.4. QCD концепт;
3.5. KAIZEN менаџмент;
Предавач:

Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик и материјали: српски јазик.

Рок за пријавување: 17.6.2018 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Презентација, 19.12.2019
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈМОДЕРНИ ИНОВАЦИИ ОД СВЕТОТ НА ЛОГИСТИКАТА И ТРАНСПОРТОТ
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА