ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
10.06.2019 👁 Прочитано: 1716

КАМПАЊА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ


КАМПАЊА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Дискусијата на Борис Хрисафов, главен извршен директор Цементарница „УСЈЕ“ АД – Скопје, панелист на Трибината на тема: „Предизвици за подобрување на дуалното образование - ИДНИ ЧЕКОРИ“, 6 јуни 2019 година.

Недостигот од стручен кадар е многу алармантен, а ние за да постигнеме атрактивност за запишување на учениците во средните стручни училишта потребно е да се работи на активна кампања за придобивките и перспективата од завршување на средното стручно училиште.  

Секоја година во нашата компанија недостигаат хемиски техничари. Нема начин како да се надомести овој недостиг од кадар. Голем дел од учениците се гледаат себеси како менаџери од самиот почеток и тоа е тоа уште од првиот ден па натаму.

Но, ако сакаме да направиме придобивка за сите нас заедно тогаш треба да се преземат чекори со кои децата треба да сфатат дека можат да заработуваат и да живеат добро и како возачи и како бравари, односно и со професии и знамиња кои не се врзани со факултетска диплома. 

Без разлика какви чекори ќе се преземат, клучно е да се стимулираат децата кои одат во средните стручни училишта, да се поддржат и преку нивна афирмација да се мотивираат и други деца да се запишуваат во овие специјализирани образовни институции.

КАМПАЊА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ