23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Бизнис-настани

23.04.2018 - 24.04.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ


Дводневен семинар на тема:

„Организација и надзор на документиран систем на информации во компанијата и примена на Законот за архивско работење преку практични примери за прием, прегледување, сортирање во хартиена обвивка, заведување во деловодник, распоредување, доставување и движење на документите внатре во организацијата, согласно планот на архивски знаци, листата на архивски материјал и листата на документарен материјал со рокови за негово чување“

23 и 24 април 2018 година (понеделник и вторник)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на  3-ти кат

          Со управувањето со документираниот систем, надзорот и организацијата, како и со  Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.
Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.

Програма на семинарот:

• Процедура за организација на документирана информација;
• Систематизација на документи и записи;
• Заштита на податоци (електронски и во печатена форма);
• Процес на повлекување на документирани информации согласно Законот за   заштита на информации;
• Закон за архивски материјал;
• Управување со влезни и излезни документи;
• Разлика помеѓу работење во/со архива и писарница;
• Потребни организациони вештини: перцепција, кредибилитет, контрола,   комуникација;
• Начини на комуникација во контекст на документирана информација;
• Надзор и управување со т.н. последна верзија на важечка  документација;
• Вештина за интегрирање и следливост на документи;
• Резолуција на документи во рамките на канцелариското работење;
• Методологија за подобрување на корпоративните односи во рамките на   документираниот систем во компанијата;
• Деловната комуникација преку докуменитрана информација;
• Интерперсонални односи на организацијата и позиција на  административниот кадар;
• Приватен  архивски  и  документарен материјал;
• Организација и надзор на документиран систем;
• Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и   документарниот материјал во канцелариското и архивското работење;
• Интерни состаноци во врска со арxивското работење;
• Уредба за канцелариско и архивско работење;
• Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на   документарните центри;
• Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги   рокови на користење;
• Водење на електронска архива (е-деловодник);
• Усогласеност помеѓу рачно водење на деловодник и е-деловодник (нивна   паралела);
• Канцелариско работење;
• Движење на документите;
• Архивско работење;
• Скенирање директно во деловодникот;
• Распределување на документите по вработен;
• Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории;
• Водење попис на документи, начин на водење и во кои случаи се   применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни   книги (книга за место, книга за пошта);
• Интерна доставна книга.
 
Целна група:
Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник).

Предавачи:

- м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент и
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 20 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување:18.4.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права