28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

18.05.2018 - 18.05.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО НАСОКА НА ВОДЕЊЕ ДЕЛОВОДНИК И УПРАВУВАЊЕ СО АКТИ ПРЕКУ ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ


Еднодневен семинар на тема:

„Канцелариско и архивско работење во насока на водење деловодник  и управување со акти преку практична примена на законот за архивски материјал изразено преку примери за затварање на деловодник, отварање нови броеви во деловодник, поврзување на броеви од минатата година со нови броеви во тековната година, како и појаснување на начинот на започнување на водење на деловодник и останати поврзани деловодни книги“

18.05.2018 година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

          Со управување со документираниот систем, надзорот и организацијата, како и со  Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во деловодникот, како и распределувањето на документите по вработени во институциите.

         Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник, како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги.

Програма на семинарот:
- Закон за архивски и канцелариски материјал;
- Заведување на акти и основна евиденција во канцелариското работење;
- Помошна евиденција во канцелариското работење;
- Прием, распоредување и доставување на акти;
- Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
- Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
- Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.

Целна група

         Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, како и да започнат со водење електронска архива (водење на е-деловодник).


Предавач:
- м-р Валентина Тодоровска, управител на друштвото „Акаунтинг Солушнс Валентина“ ДООЕЛ - Скопје, со 25 години работно искуство во областа на архивското и канцелариското работење и специјалност во областа на финансиски менаџмент.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 15.5.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права