21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.05.2018


Актуелно  

АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ЧЕШКА ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО ПРИЛЕП


На 16.5.2018 година, делегација од Амбасадата на Република Чешка во Македонија, предводена од амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Н.Е. Мирослав Томан, во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, ја посетија Регионалната комора со седиште во Прилеп.

Во присуство на поголем број членови на Управниот одбор на Регионалната комора, се разговараше за воспоставување економска и трговска  соработка меѓу компании од регионот на Општина Прилеп и компании од Република Чешка.
На средбата се разговараше за теми од стопанството, трговската размена меѓу двете земји и изнаоѓање начини за подобра и побрза комуникација на компаниите од двете земји.

На состанокот беа изнесени позитивни искуства од досегашната соработка на  компаниите од регионот со компаниите од Република Чешка. Свои искуства од работењето изнесоа директорот на „Мермерен комбинат“ и  претставникот на „Витаминка“ АД - Прилеп.

Директорот на „Тутунски комбинат“, претставникот на „Прилепска пиварница“, сопственикот на детската конфекција „Хатра“ и сопственикот на компанијата „Кули“ со свои коментари зедоа активно учество на средбата.

На крајот на средбата се заклучи дека на сите компании кои се заинтересирани за соработка со чешки компании, Амбасадата на Република Чешка преку својот советник за економски прашања, Миа Павловска, ќе им даде соодветна помош и поддршка.

Горан Попоски


 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права