ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
07.08.2019 👁 Прочитано: 149

GULF ОТВОРИ НОВА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО ТЕТОВО


Gulf Македонија продолжува со инвестициите на македонскиот пазар и зголемување на своите продажни капацитети. Покрај трите бензински станици во Скопје, на автопатот Тетово-Гостивар и Струга, Gulf од денес е достапен и во центарот на Тетово, во близина на Шарената џамија.

Бензинската станица во центарот на Тетово се одликува со современ изглед и со беспрекорна функционалност и достапност, а во палетата производи се наоѓаат и американските G-Force безоловно и X-tream дизел горивата.

Зголемувањето на достапноста на продажните места на Gulf Македонија ќе биде една од главните цели на компанијата во следниот период. Планирано е проширување во сите поголеми градови низ земјата, со цел нудење на македонските потрошувачи врвни нафтени деривати создадени по највисоките светски стандарди.

Превземено од: Плусинфо.мк
https://plusinfo.mk

GULF ОТВОРИ НОВА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА ВО ТЕТОВО