ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА КАКО БАНКАРСТВОТО ОД СЕНКА ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПОСТ-КОВИД КРИЗНАТА ИДНИНА

   

👁 Прочитано: 2828


ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА КАКО БАНКАРСТВОТО ОД СЕНКА ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ПОСТ-КОВИД КРИЗНАТА ИДНИНА

Никола Јошевски - Претседател на Групацијата на Финансиски друштва при Стопанска Комора на Македонија и Генерален директор и партнер во финансиското друштво  СН финансии интервју за Фактор.мк

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел - унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер. 
Сега, како никогаш порано овој сектор ќе биде значаен за ублажување на економската криза која допрва доаѓа. Во РСМ се регистрирани 28 финансиски друштва кои извршуваат повеќе финансиски активности како што се издавање на кредити, издавање на картички, гаранции и факторинг.
После кризата со Ковид19 повеќе од јасно е дека ќе се соочиме со уште една криза, а тоа е економската,  која сметам дека можеме да ја надминеме со стимулирање на потрошувачката. Финансиските друштва би можеле да одиграат значајна улога во стимулирањето на потрошувачката поради две едноставни причини.

Првата е дека голем дел од нашите институции превземаат поголем ризик издавајки брзи кредити со поедноставна кредитна анализа , а кои се одобруваат не броено во недели или денови  туку во минути, а во вакви ситуации потребите се најчесто од итна природа. И втората причина е што пандемијата и повикот онлајн да се работи генерално за сите индустрии, за нашите комапнии не е нова работа. Кај нас автоматизирано и дигитално се работи повеќе години. Од алицирање до одобрување  и исплата на кредити, се се одвива преку комплексна и напредна технологија која е задолжена да го скрати времето, а ги содржи сите параметри за проверка на клиентот и неговата кредитоспособност.  Сите препораки за физичко дистанцирање, ако се нема потреба да не се оди и чека по шалтери, кај нас е реалност одамна. Нема потреба од доаѓање по филијали, од чекање на редови по шалтери и долго очекување на одговор дали сте добиле или не сте добиле кредит.

Дел од финансиските друштва кои работат оналјн  вложуваат значителни средства во технологија што им овозможуваат клиентот да аплицира за кредит, да потпише договор и да ги добие парите без воопшто физички да ги посети нашите канцеларии. Комбинацијата на финансиски услуги и технолошки напредни системи ги прави ФИНТЕК компании. 
Ние како општествено одговорни компании имавме проактивен пристап од самиот почеток на кризата. Со првиот удар на КОВИД 19 кризата врз граѓаните и комапниите, стапивме во контакт со Министерството за финансии, а и имавме многу повици од наши клиенти, уште пред да договориме со Владата олеснителни мерки во оваа сфера. Свесни бевме дека нужно е да воведеме олеснувања. Имавме и индивуален пристап и генерален став, така што изразено во проценти прифатени или одбиени олеснувања од затекнати финансики обврски со кредити искористија некаде од 35-70% од вкупната бројка на клиенти. Овој широк дијапазон варира од друштво до друштво. Она што е најважно на крајот на денот, што целосно подготвени излеговме пред нашите клиенти да најдеме соодветни солуции и малку да ги релаксираме. Репрограмирање и рефинансирање на долговите е неопходно, заради олеснување и затоа не чекавме да биде обврска, туку работевме од првите удари на кризата да амортизираме во рамките на нашите можности, а притоа да не ја загрозиме многу стабилноста на комапниите.

Целото интервју можете да го најдете на faktor.mk