Семинар / 17.09.2019

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ПРАКТИКАНТОТ И РАБОТОДАВАЧОТ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ НА ПРАКТИКАНТОТ И РАБОТОДАВАЧОТ  И  АНАЛИЗА И ПРЕГЛЕД НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ОД АСПЕКТ НА НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

17.09.2019 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 17 септември 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „Новиот закон за практикантство низ призмата на правата и обврските на практикантот и работодавачот и анализа и преглед на законот за работните односи од аспект на склучување на договорите за вработување и постпката за откажување на договорите за вработување“.

Примарна цел на семинарот е да се запознаат посетителите со сите актуелни одредби кои ги предвидува новиот Закон за практикантство („Службен весник на РСМ“ бр.98/19), а особено како точно е регулирана практикантската работа, колку таа може да трае и како се врши нејзина евиденција, како и каков надоместок треба да се предвиди за практикантите. Особено внимание ќе се посвети на важноста од составување добар договор во насока на максимална заштита на засегнатите страни. Ќе се направи осврт и на прекршочните одредби од законот поради подобро разбирање на обврските на работодавачите.

Дополнително, ќе се анализира и Законот за работни односи од аспект на неговите одредби за склучување на договорите за вработување, формата и содржината, условите за склучување, измените на договорот, престанување на важење на договорот за вработување и откажување на договорот за вработување.
Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата и воедно, ќе се направи обид за практично расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.
 
ПРОГРАМА:
I. Законска регулатива: Закон за практикантство
   - Општи одредби;
   - Услови за вршење практикантска работа;
   - Постапка за огласување;
   - Број на практиканти кај работодавачот
   - Времетраење на практикантската работа и број на практиканти;
   - Надоместок за практикантска работа;
   - Права и обврски на практикантот и работодавачот;
   - Договор за практикантска работа;
   - Содржина на договорот;
   - Престанок на договортот за практична работа;
   - Евиденција, надзор и прекршочни одредби;
   - Подзаконски акти предвидени со законот.

II. Законска регулатива: Закон за работните односи
   - Склучување на договорот за вработување;
   - Неправилности при склучување на договорот;
   - Форма и содржина на договорот;
   - Кои се задолжителните елементи на договорот;
   - Пропусти при составување на содржината на договорот;
   - Услови за склучување на договорот за вработување;
   - Начин на изменување на договорот за вработување;
   - Што може да се менува со анекс на договорот;
   - Невалидни одредби на договорот;
   - Начин на обезбедување на потребата од работници;
   - Права и обврски на кандидатот на огласот.

III. Законска регулатива: Закон за работните односи
   - Престанување на важење на договорот со изминување на рокот за кој е склучен;
   - Неправилности при склучување спогодба за раскинување на договорот за вработување;
   - Кога работодавачот може да го откаже договорот од лични причини на страната на работник;
   - Отказ поради кршење на работниот ред и дисциплина;
   - Кои се основите за откажување на договорот со отказен рок, а кои без отказен рок;
   - Во кои случаи може да се изрече парична казна;
   - Дали работодавачот треба да спроведува дисциплинска постапка;
   - Отказ од деловни причини(критериуми, отпремнини).

Предавачи:

- м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II - Скопје и
- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 12.09.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 25.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина