24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници 26.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита 26.04.2018 (Инфо сесија) Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија 27.04.2018 (Семинар) ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ 30.04.2018 (Семинар) ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ 30.04.2018 (Семинар) Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS) 04.05.2018 (Семинар) МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT) 08.05.2018 (Бизнис средби) Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија 29.05.2018 (Семинар) УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија) 30.05.2018 (Форум) Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград 30.05.2018 (Семинар) ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата 19.06.2018 (Бизнис средби) „ЕНЕГРА 2018“ 07.11.2018 (Бизнис средби) ЈИЕ ИТ САМИТ |
|||||||
Акти на КоморатаАкти на Стопанската комора на Македонија
Во прилог е даден текстот на Законот за стопанските комори (.pdf) Статут на Стопанската комора на Македонија (.pdf) Врз основа на член 13 став 1 алинеја 1 и член 42 од Законот за стопанските комори (Службен весник на Република Македонија бр. 17/2011), Собранието на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 20.04.2011 го донесе следниот С Т А Т У Т Член 1 Стопанската комора на Македонија (во натамошниот текст: Комора) е деловно-стручна асоцијација, која, согласно Законот за стопанските комори, ги усогласува, застапува и штити интересите на своите членови. Во Комората членуваат физички лица - трговски поединци и правни лица, запишани во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица со седиште во Република Македонија, кои вршат трговска дејност и други субјекти запишани во Регистарот со седиште во Република Македонија, кои со својата дејност придонесуваат за унапредување на работењето на стопанството. Член 2 Членувањето во Комората и истапувањето од неа е слободно и на доброволна основа. Со Комората управуваат нејзините членови преку нивните претставници во здруженијата според дејности, во регионалните комори, другите облици на организирање и работење и преку избраните членови во органите на Комората. Член 3 Комората е независна и самостојна организација, со својство на правно лице. Комората е непрофитна организација. Доколку во работењето Комората оствари добивка по кој било основ согласно законот и овој статут, таа мора да биде употребена исклучиво за поддржување и остварување на целите и задачите заради кои е основана. Називот на Комората гласи: Стопанска комора на Македонија. Во меѓународната комуникација Стопанската комора на Македонија го користи називот: Economic Chamber of Macedonia. Седиштето на Комората е во Скопје, ул. Димитрие Чуповски бр. 13. .....
![]()
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија ул. Димитрие Чуповски, 13 1000 Скопје
Контакт: Татјана Штерјова
Тел: ++ 389 2 3244065 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: tatjana@mchamber.mk ![]()
![]()
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права
|