19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

27.02.2018 - 27.02.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ


Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
(Интерактивна работилница CM & BSC 2018)

27.02.2018 година (вторник)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

        Клучно за овој семинар се: учење, надградување на знаењето, реални примери и интерактивна комуникација на тема:

Управување со конфликти (хоризонтално и вертикално во компанијата);
Мерење перформанси (сектори/процеси) и конкретни совети за реално подобрување на работата;
• Врска помеѓу мерењето перформанси и конфликт-менаџментот.

        Конфликните ситуации и мерењето перформанси претставуваат континуиран  процес кој е во корелација  со целите во организацијата и во кои учествуваат менаџментот и вработените. Предностите на оваа квалитативна врска се: зголемена мотивација, подобра комуникација и координација и јасно дефинирани цели. Семинарот е дизајниран за да Ви помогне да ги разберете термините и да ги примените принципите на квалитативната врска помеѓу Conflict Management методологијата и Balance Scorecard методологијата (CM & BSC 2018).

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:
- Управување со конфликти;
- Причини за појава на конфликти;
- Идентификација на конфликтни ситуации;
- Креативно планирање (цели, перформанси, приоритетни стратегии);
- Хиерархија на цели (системски, стратешки, тактички, оперативни);
- Комуникациски вештини;
- Флексибилна стратегија за управување со цели;
- Вештина на усогласување на целите (одржлив консензус на сите засегнати страни);
- Класичен и модерен метод за управување со конфликти;
- Конвертирање на стратегија во деловни перформанси;
- Научна основа и опис на методот CN & BSC 2018;
- Вештина за интегрирање на мерење перформанси и резолуција на конфликти во рамките на работењето;
- Методологија за подобрување на корпоративните перформанси.

        Постојат голем број ситуации на работа и во секојдневниот живот кои бараат менаџерски вештини и решавање на конфликтите. Повеќе од 20% од времето менаџерите трошат за решавање конфликтни ситуации. На оваа обука ќе научите да ги идентификувате причините за конфликтите и како мотивирачките фактори на луѓето можат да бидат пречка за успешно решавање конфликти.

Програма на семинарот:

 - Управување со конфликти;
- Причини за појава на конфликти;
- Идентификација на конфликтни ситуации;
- Креативно планирање (цели, перформанси, приоритетни стратегии);
- Вертикални и хоризонтални комуникации во организацијата, комуникацијата со клиентите и останатите деловни партнери;
- Вештини за управување на ресурси (од различен карактер).
 - Хиерархија на цели (стратешки, тактички, оперативни);
- Комуникациски вештини (конфликтни ситуации);
- Флексибилна стратегија за управување со цели;
- Вештина на усогласување на целите (одржлив консензус на сите засегнати страни);
- Oдговорности и овластувања и структура по KPI-функции;
- Компетентност, како основа за BSC-планирање;
- Сегрегација на должности.
 - Класичен и модерен метод за управување со конфликти;
- Конвертирање стратегија преку деловни перформанси;
- Научна основа и опис на методот CN & BSC 2018;
- Вештина за интегрирање мерење перформанси и резолуција на конфликти во рамките на работењето;
- Методологија за подобрување на корпоративните перформанси;
- Деловната комуникација и интерперсоналните односи во организацијата.

Целна група

        Интерактивната работилница/обука е наменетa за раководители на продажба, на комерција, на набавка, на производство, на финансии, на човечки ресурси, раководител на правна служба, како и вработени во продажба, производство, набавка, финансии, односно сите главни процеси во компанијата, извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање, како и вработени чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  решавање на конфликти и подобрување на перформанси.

Предавач:
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант (обука, консалтинг) во 20 земји со 22-годишно искуство и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 22.02.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права