23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.06.2017


Актуелно  

Презентација во Битола – КОУЧИНГ ПРОГРАМА ЗА РАСТ НА БИЗНИСОТ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола на 15.6.2017 година во Битола се одржа информативен настан на тема: Коучинг програма за раст на бизнисот.

 

Коучинг е форма на учење којашто вклучува пристап еден на еден со цел да се подобри професионалниот и личниот развој, да се научат нови вештини и полесно да се управува со предизвиците во деловниот и во приватниот живот. Бизнис коучингот опфаќа, како личен развој, така и развој на одредени вештини кои придонесуваат кон развој на бизнисот. Најголем дел од малите и средни компании во Македонија имаат проблеми во пласирањето на продукти и услуги на пазарот, промоција на постојни продукти и услуги, привлекување на нови клиенти и сл. Коучинг програмата дава видливи и мерливи резултати во краток рок со отворање можности за дефинирање на стратешкиот развој на компанијата.

Пред присутните 30-тина компании од битолскиот регион беше презентирана програмата за зголемување на продажбата која е фокусирана на зголемување на приходот и профитабилноста  во краток рок. Формата на коучинг се двочасовни сесии со сопственикот и менаџер, кои се одржуваат еднаш неделно. Се постигнува зголемување на продажбата во краток рок. Со примена на алатки кои ги предвидува методологијата, се гарантира зголемување на приходите и профитабилноста во период од три месеци.

Интерактивно во демо сесија компаниите ги разработуваа своите очекувани резултати кои се во однос на поголемо искористување на постојниот асортиман на производи и услуги, преку зголемена продажба, промоција и испорака на производи и услуги до постојните и до нови клиенти; ефикасно и ефективно менаџирање на постојниот капацитет, продажни канали и клучни ресурси на компанијата; стабилизација на профитот и приходот на компанијата преку унапредена продуктивност на вработените и организациските способности на сопственикот, односно менаџерот.

Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе организира информативни настани од овој вид за поддршка и развој на стопанството во регионот.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права